Telekom Electronic Beats во Скопје

27 октомври 2017 МКЦ Скопје

[ ]

Фестивалот Telekom Electronic Beats премиерно го одбележува стартот на реномираната платформа за клубска музика, филм и уметност со настан на кој на 27 октомври во Младинскиот културен центар во Скопје ќе настапат ÂmeDJ KozeTijana T и Herzel.

TEB-event

ameÂme се диџеј/продуцентско дуо составено од долгогодишните пријатели Kristian Beyer и Frank Wiedemann. Уште од 2003 година го формираат своето партнерство во својот роден град Карлсруе и почнуваат да создаваат свој уникатен звук кој смело ги комбинира елементите што го полнат подиумот во клубовите со нивните лични концепти за музиката што допрва треба да се чуе. Дел се од лејбл/колективот Innervisions кој го водат заедно со Dixon. Оваа издавачка куќа е позната по контролата на квалитетот, со издавање на само 5-6 изданија годишно, но со врвен квалитет како што се Laurent Garnier, Chateau Flight, Stefan Goldmann and Culoe. Âme го започнуваат своето музичко патешествие носени од љубовта за Чикаго Хаус и Детроит Техно. Познати и респектирани се во диџеј светот по својата способност да ги искомбинираат своите различни влијанија презентирајќи ја целата историја на денс музиката, не водејќи се од моментални трендови. Тие што со нетрпение го чекаат настапот на Âme може да очекуваат патување низ историјата на денс музиката искомбинирано со одлични диџејски вештини.

 

DJ_KOZE_1504DJ Koze е германски артист прогласен за најдобар диџеј во 1999 и 2004 од реномираниот трендсетерски магазин SPEX. Оваа заслужена награда ја добива како признание за своите успешни настапи во Германија и низ светот. Stefan Kozalla попознат како DJ Koze започнува со својата работа во Hamburg како hiphop диџеј, а признание за своите вештини добива и на DMC шампионатот за диџеи. Koze не се плаши да ескпериментира внесувајќи хумор во своите сетови, луди семплови како зезања по телефон и експериментирање со жанровите од електронската музика. Во неговите сетови изобилува хаус и диско музиката, добро искомбинирана со неговото hiphop влијание во жесток микс.

 

TijanaTТијана Т е истакната диџејка во клубскиот живот на Белград. Позната е по своите енергични и харизматични настапи, исполнети со хаус вокали. Оваа дама е врвен музички новинар, и еден од ретките српски таленти со меѓународна репутација што ја покажуваат нејзините настапи на големи фестивали и клубски журки од Њу Јорк до Ибица.

 

HerzelДомашна поддршка за настанот пристигнува од одличниот македонски диџеј и продуцент – Herzel, кој ќе настапи со live сет.

 

За искуството да биде целосно за љубителите на клубската музика, програма е збогатена и со кино проекција и изложба. Во џебното кино на МКЦ од 19 часот ќе се прикажуваат документарните филмови Raving Iran и Richie Hawtin (Slices documentary).

Картите за настанот можете да ги набавите на билетарата во МКЦ, во предпродажба 400 денари, на влез 600 денари.

17.11.2017

Кога нешто доаѓа „со љубов од Русија“, особено доколку е насловено „Нељубов“, тогаш мора да му се посвети особено внимание. Но, својата особеност рускиот режисер ...

17.11.2017

Секоја чест за селекцијата „Гала премиера“ во киното „Милениум“, во чии рамки на „Синедејс“ можат да се видат новите остварувања на ѕверки како Акин, Ханеке, ...