Гаражната рокенрол атракција Straight Mickey And The Boyz со концерт во Скопје

28 декември 2017 МКЦ 21:00

[ ]

Белградскиот гаражен рокенрол бенд Straight Mickey And The Boyz најави концертен перформанс на 28 декември во скопскиот Младински културен центар.

SMATB3

 

Познати како сиров и бескомпромисен пост-жанровски рокенрол состав, Straight Mickey And The Boyz веќе од самото основање станаа една од водечките гаражни атракции во живо во регионот.

„Straight Mickey And The Boyz се динамичнa, фуриозна тројка, составена од одлични музичари, кои успешно ги имаат истиснато своите влијанија од разни стилови на рок музиката и имаат создадено свој уникатен музички израз. Од нивното прво појавување во јавноста, Stright Mickey And The Boyz презентираат својот groove-eрски торнадо, и многу бргу се етаблираа и собраа солидна база на фанови како во нивниот Белград така и во регионот и баш поради нивните експлозивни настапи го добија и епитетот на „бенд што мора да се види во живо“.“

Вечерта ќе ја отвори мистериозното скопско дуо King’s Peach.

Влезниците за концертот на Straight Mickey And The Boyz и King’s Peach чинат 200 денари и се достапни преку продажните мрежи на МК Тикетс, Купи Карти За Сé и на билетарница МКЦ.

 


 

SMATB

 

 

 


 

 

 

 

Три билборди надвор од Ебинг, Мисури
режија: Martin McDonagh

20.01.2018

Тргнувајќи од славниот цитат на Маршал МекЛуан, „Медиумот е порака“, сценаристот и режисер Мартин МекДона во своето ново остварување „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“, ...

Холивудска приказна: Star wars, прости!

09.01.2018

Четириесет години по премиерата на првиот филм, односно, четвртата епизода од сагата „Војна на ѕвездите“ на Џорџ Лукас, и нешто помалку години од почетокот на ...