Книжевна промоција на „Киборшка естетика: ремикс апропријација на уметноста“

20 ноември 2018 Кино Култура

[ ]

„Киборшка естетика: ремикс апропријација на уметноста“, најновата концептуална книга на Вангел Ноневски премиерно ќе биде промовирана на 20 ноември во 20 часот во Кино Култура.

ke

Книгата „Киборшка естетика: ремикс апропријација на уметноста“, на Вангел Ноневски, е концептуализирана во еден поширок филозофски контекст и таа се обидува да го присвои дискурсот на ремикс културата како најсоодветен за елаборација на современите интерактивни уметности. Поаѓајќи од простото сознание дека уметноста денес е посредувана од новите медиуми, при што таа преминува во контекст за бесконечни ремиксувања од страна на вмрежените корисници, современата естетика раскрстува, не само со анахрониот поим на авторот, туку и со идејата за уметничкото дело, разбрано како концепт кој упатува на завршеност или конечност. Штом е делото посредувано од новите медиуми, тоа станува подложно на постојани реконтектуализации, при што де факто се преобразува од уметничкото дело во уметнички контекст. Новите медиуми, пак, од ден на ден, експоненцијално стануваат протетички импланти и тие за нас претставуваат стекната природност (second nature) во процесите на комуникацијата. Таквиот киборшки однос кој го имаме со новите медиуми и нивната предиспозиција да изнудуваат интерактивност, е точката во која концептите на киборгот и ремиксот се вкрстуваат.

Книгата ќе биде промовирана во склоп на зaвршната манифестација на јавниот конкурс Ремиксувај ја својата културна стварност.

23.11.2018

Средновековното превирање на Словенските народи во седмиот и осмиот век веројатно криело многу приказни и легенди каде се преточувала судбината на многу великодостојници. Пребонд, старешината ...

Го окупирав Wall Street во 84-та
интервју со Lydia Lunch

22.11.2018

фотографии: Зден   Здраво Лидија, фантастично е да те имаме во Скопје, некои од нас го чекаа ова со години. Ја обожавам твојата работа и ...