Американците Battleme со концерт во МКЦ

29 октомври 2017 МКЦ

Американскиот психоделичен рок состав Battleme ќе одржи концерт на 29 октомври (21:00) во Младинскиот културен центар во Скопје, во организација на концертната агенција Rock Svirke.

B@MKC2017

 

Battleme восхитено го најавуваат својот нов албум – Cult Psychotica, кој ќе биде издаден на 6 октомври под етикетата на издавачката куќа El Camino Media„Cult Psychotica е глас“, вели фронтменот Matt Drenik, кој новите песни ги напишал во текот на првите месеци на кампањата на претседателските избори во Америка во 2016 година. Бенодт ги сними своите 10 песни во рок од седум дена во студиото Get Loud во Портланд. Крајниот резултат е навистина мајсторска реакција на моменталната состојба во светот или како што вели и самиот Drenik „правовремено размислување за нашата скршена реалност“. Покрај веста за новото издание, бендот е возбуден да ја најави и големата европска турнеја оваа есен, турнеја на која ќе ја промовира новата плоча.

Пристапот на Drenik кон албумот Cult Psychotica е преиспитување на американската психа во овие несигурни времиња, но без отворено политички ангажирани песни. Наместо тоа, да ја отслика дистопијата во која живееме, тој користи концептуален пејзаж на херој и губитник, на извртени вистини и теории. Првата песна на албумот, „No Truth“, од самиот почеток поставува одреден тон, прогласувајќи дека таму нема вистина за вас, додека песната „Bitch Blues“ ја документира земјата во немири.

 

Десетте песни на Cult Psychotica се омаж на течниот, понекогаш и морбиден сон, кој се врти околу дрениковата визија за урбаниот американски пејзаж, кој го водат лажговци и измамници, кулминирајќи во цутот на песната „Lowlife“.

Во текот на Battleme кариерата, која трае повеќе од 7 години, Drenik своето внимание го доби со брендот психоделичен рок со примеси на блуз. Esquire прогласи „дека, доколку Flaming Lips би напишале оригинална песна во текот на своето изведување на класикот на Pink Floyd – The Dark Side Of The Moon, сигурно би звучеле како Battleme. Rolling Stone пишуваше за способноста на бендот да свири крешенда во стилот на The Smashing Pumpkins, додека Billboard го открија Battleme грувот, споредувајќи го со оној на Queens Of The Stone Age.

Battleme ја објавуваат Cult Psyhotica на 6 октомври и во полн состав ја започнуваат својата европска турнеја на 26 септември во Копенхаген.

Билети по цена од 250 денари во продажба на Билетарница МКЦ и преку продажната мрежа на МК Тикетс