Најавен „Земјотрес“ на 3-ти февруари

3 февруари 2018 МКЦ 19:00

[ ]

Фестивалот на независна музика Земјотрес го најави најновото издание на годишната смотра на домашните независни издавачи и состави, која ќе се случи со најавените 23 артисти кои ќе настапат на 3-ти февруари 2018 во Младинскиот културен центар во Скопје.

Z6

И оваа година како и минатите, освен музичката програма која ќе се одвива на три бини, во холот на МКЦ ќе бидат поставени и изданијата на дискографските куќи како и промотивните материјали на бендовите.
Земјотрес е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи, инициран од Направи Заедно (сегашен Балкан Велики), Sixtynine Records и PMG Recordings во 2012 година. Земјотрес секоја година ви го презентира најсвежото од македонската алтернативна музичка сцена.

На шестото издание на Земјотрес ќе настапат:
Александар ВеликиAstrolungsBaklava,
Душко ЈаневскиE.B.A.M.GargoylesЈаничариKHARAЉубојна,
Љупа АнгеловMammoth & Yashem, Мирко Попов,
МорфејНема ЛабавоПалиндромПоган Паган,
Сашо МитревскиSchwartzenSethstat Jazz & Мирко Попов,
Short Fuse HeroString ForcesTrendKill и YÖU.

 

Независните издавачи кои на фестивалот ќе презентираат свои изданија се PMG RecordingsSixtynine Records, Kran Records, Diehard Booking & Records, Ако никој не свири, Шарла, Deny Records, BTKRSH, Green Hill Records, Drop series, Post Global, Балкан Велики и Критика.

Влезниците за Земјотрес ќе чинат 150 денари / на врата: 200 денари /, а продажбата на влезници во ограничен број започнува на 16-ти јануари на билетарата на МКЦ.

 






Го презентираме Куманово насекаде
интервју со Филип Михајловски од Khara

18.09.2018

  Khara – од каде името за групата, значењето/потеклото? Според монголската митологија, Кара е името на првиот шаман, што враќал мртви луѓе во живот. Приказната ...

16.09.2018

На 6 септември во клубот „Ла Кања“ во старата скопска чаршија низ слушачка промоција ни беше претставено новото чедо на Давид Ангелевски пророчки насловено „Бела ...