Таксират стартува со „ПИН“ меѓународната музичка конференција и шоукејс фестивал

30/11 – 2/12 2017 МКЦ Скопје

[ ]

Фестивалот Таксират го најавува четвртото издание на меѓународната музичка конференција и шоукејс фестивал „ПИН,  кој ќе се одржи од 30-ти ноември до 2-ри декември во Младинскиот културен центар во Скопје.

 

 

pin3

 

ПИН конференцијата ги промовира музичарите, музичките продуценти, менаџерите, музичките новинари, агентите за резервации, промотори, претставници од најголемите музички фестивали во Европа, активисти на НВО, институционални претставници и експерти од цела Европа кои се активни во организирањето и промовирањето на културни настани. ПИН ги утврдува врските помеѓу регионалните и европските искуства во музичките светски мрежи, разменувајќи идеи и мислења кои носат нови соработки и културни проекти. Конференцијата нуди простор за дискусија на познати експерти и разни учесници на теми кои покриваат акутни проблеми во културата и музиката претставувајќи ги своите дела и проекти. Воедно, конференцијата функционира и како музички саем и претставува бројни концерти на талентирани и млади музичари. На тој начин, ПИН музичката конференција овозможува вмрежување за градење на капацитети за стручен кадар, промовирање на уметничка вредност и проширување на културната размена меѓу регионите со цел да се промовираат и поттикнат можностите за мрежно поврзување меѓу вклучените региони.

Овогодишната ПИН конференција ќе се одржува во 3 фестивалски дена и ќе изобилува со интензивна панел-програма, голем број на гости и експерти од европската музичка индустрија. Оваа година ПИН ги претставува следниве делегати кои ќе бидат дел од дискусиите на конференцијата:

pin2

 

И оваа година ПИН продолжува со започнатата иницијатива за актуелизирање и развој на музичката сцена со својата „ПИН шоукејс“ фестивалска рамка каде ќе бидат претставени свежи и млади музички таленти од цела Европа. Фестивалот ќе го отворат „господарите на ексцентричната електроника“ – експерименталниот андерграунд арт-рок состав Liars на 30 ноември со настап во Младинскиот културен центар, со што и официјално ќе започне програмата на 19-тото издание на фестивалот Таксират. Liars на ПИН ќе го промовираат долгоочекуваниот нов, осми по ред албум TFCF  (Theme From Crying Fountain), нивно последно издание за реномираниот Mute Records.

Покрај Liars, шоукејс програмата оваа година ќе презентира и 15 артисти и бендови од Македонија, регионот и Европа кои на 1 и 2 декември во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се  претстават  со получасовни шоукејс настапи – It’s everyone else (Словенија), Визељ (Србија), Excessive Visage (Германија), Baba Zula (Турција), Фолтин (Македонија), Contact 59 (Македонија) и Поган Паган (Македонија) ќе настапат на 1 декември во МКЦ, додека за 2 декември се најавени Debeli precjednik (Хрватска), Mario Batkovic (Швајцарија), At Pavillon (Австрија), Киборг (Македонија), Sweet Rapscallions (Македонија), Палиндром (Македонија) и Stray Dogg (Србија).

pin4












Присуството на панел-програмата на ПИН конференцијата е бесплатно за сите посетители, но со задолжително претходно регистрирање на присуството. Откако ќе се регистрирате онлајн, вашата конференциска пропусница ќе можете да ја подигнете на одделот за регистрација што ќе биде поставен на местото на настанот по пристигнувањето во Младинскиот културен центар. Бројот на бесплатните влезници за ПИН конференцијата е ограничен.

ПИН е првата и досега единствена меѓународна музичка конференција во Македонија. Од своето прво издание во 2012 година конференцијата ја организира Здружението за култура и уметност „Таксират“ – Скопје.

pin1

Европската вожња на скопската линија
Кон фестивалот Cinedays 9-19 ноември

24.11.2017

Од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар се одржа 16-то издание на меѓународниот фестивал на европски филм Cinedays. Овогодинешното мото на фестивалот ...

21.11.2017

На затворањето на „Синедејс“ во неделата се случи македонската премиера на „Исцелител“, дебитантското остварување на режисерот Ѓорче Ставревски, кој по долгогодишна работа на ова негово ...