Fennesz + Lillevan, Cummi Flu & Raz Ohara и Кокан Димушевски на 10-то издание на фестивалот Desonanz

31 октомври – 3 ноември 2018

[ ]

Фестивалот на електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми Desonanz го најави овогодинешното, јибилејно десетто по ред издание на фестивалот кое оваа година ќе се случи од 31 октомври до 3 ноември со досега најавените артисти Fennesz + LillevanCummi Flu & Raz OharaКокан ДимушевскиEomac FurfriendSim Hutchins и Niskogradba.

df2018

Квалитет и Контекст. Современата музика ја достигна сингуларноста, точка во која сите жанрови, сите инструменти и сите звуци сочинуваат една Музика. Кога аналогното станува дигитално, електронското станува акустично, кога панкот е диско, класичната музика е метал и тишината е инструмент, единствените два критериуми кои се битни за музиката се Квалитет и Контекст. Водејќи се по овие два принципи, програмата на Desonanz е богатство од врвна музика од широк спектар на жанрови, внимателно селектирана и ставена во контекст кој го вади најдоброто од уметноста.
Овој Desonanz ќе имаме можност да посведочиме две легенди на мултимедијалната уметност како даваат нова свежина на векови стари симфонии, да видиме масивна видео инсталација како го краси клубскиот подиум, да ги чуеме премиерно новите проекти на некои од најголемите имиња на македонската музика и да ги одиграме најновите берлински хитови во клуб со огромен звук.

Програмата на Desonanz започнува со гала концерт и свеченото отворање во среда, 31 октомври во Македонската Филхармонија со настапот во живо на Fennesz + Lillevan present Mahler Remixed.
Две имиња на современата музика чии звуци и видео-колажи долги години се извор на восхит и инспирација за генерации на електронски музичари, амбиенталисти, класични композитори и видео уметници. Fennesz е композитор, гитарист и еден од великаните на модерната класична музика, чест соработник на Дејвид Силвијан, Рјуичи Сакамото, Џим О’Рурк и секако проектот Fennesz+Lillevan, еден од најимпресивните мултимедијални проекти на денешницата и често дел од програмата на престижните светски фестивали од рангот на Transmediale, Unsound, Ars Electronica и сл. Lillevan е германски ликовен и видео уметник, пионер на модерната видео-уметност и нејзината соодветна примена во музички контекст. неговиот мек и органски стил на видео продукција со бројни аналогни артефакти е уникатен и нашироко препознатлив и имитиран во светот на денешната електронска музика.

 

Cummi Flu & Raz Ohara
(Albumlabel/Kitty-Yo/Get Physical, Berlin)

 

Кокан Димушевски: Private Music
(Концерт за пијано и виола)

Видео Инсталација “Polymath” // проект на 0 Kolor

Презентација: Dŵr

dwr

10 години Desonanz (видео инсталација) // проект на 0 Kolor

Четврток (01.11.2018) // Отворено Графичко Студио
Pure Data & Jean Francois Castel Branco
Презентација и џем сесија со учесниците на работилницата

Петок (02.11.2018) Клубска Вечер – 10 години Killekill Berlin
Eomac, Furfriend (во живо) DJ FlushМарко Рикалоски

Берлинската издавачка куќа Killekill заедно со Desonanz го прославуваат својот 10-и роденден. Масивна клубска вечер со три од најголемите имиња во редовите на интернационалната Killekill фамилија. Настапи на ирскиот техно волшебник Eomac, настап во живо на крезнените контроверзии Furfriend и селекција на музика од човекот зад Killekill и култна фигура на берлинската клубска сцена зад кулисите но и зад грамофоните – DJ Flush.

Видео Инсталација “Polymath” // проект на 0 Kolor

Сабота (03.11.2018) Концерт – A Night at the museum
Sim Hutchins (во живо)
Niskogradba (во живо)


 

Сабота (03.11.2018) Клубска Вечер – Festival Closing Party
Secret Guests + Desonanz DJ’s

Повеќе информации за индивидуалните вечери и продажбата на карти фестивалот Desonanz ќе ги објави наскоро.

10.11.2018

Кон „Царството на мракот“ од Л.Н.Толстој во продукција на Народно позориште од Белград Режија: Игор Вук Торбица Главни улоги: Олга Одановиќ, Хана Селимовиќ, Вања Ејдус, Љубомир ...

Поздрав до следната можна средба, you fu.kin genius
Thurston Moore на Скопскиот џез фестивал

28.10.2018

Петок попладне. Ги привршувам обврските и полека навлегувам во она што ме чека вечерта, точно на полноќ, повторната средба со еден од моите музички херои ...