Bob Mould во живо во Мean Fiddler

По Даблин, во Лондон се случи вториот гиг на Bob Mould и неговиот пратечки бенд на нивната евро-американска турнеја, промовирајќи го новиот албум Body of song, збогатена со сет песни од Бобовиот опус со Sugar и Hüsker Dü.
Местото Mean Fiddler е прилично мал клуб со капацитет од 1000 луѓе. За споредба, замислете ја Денсинг салата во МКЦ скратена до микс пултот, пониска и потесна, но со дупло поголема и подлабока сцена со многу побогати светло и звук. Концертот беше распродаден дента.

03_BobMould

Бендот на Боб е составен од искусни и познати музичари од амерканската рок и денс сцена. На тапани е Brendan Canty од Fugazi, на бас е стариот другар Jason Narducy од Sugar, за електрониката и клавијатурите се грижи Richard Morel, продуцент со „Билборд број 1“ клуб хитови од Вашингтоската денс сцената и соработик на Боб во нивната диџеј колаборација Blowoff.
Свирката почна so “The Act We Act” од “Copper Blue” на Sugar и блок од три песни од истиот албум, за да се претопи во сет песни од новиот албум, по кој следеше сет од Hüsker Dü, претежно од “Candy Apple Grey” и “Warehouse: Songs and Stories”, па сет од соло опусот на Боб… и прилично во тој патерн се развиваа работите, додека сé не “експлодира” на двата биса со брзите и бучни песни од “Zen Arcade” и “Metal Circus” периодот на Hüsker и некако сите изгубија ориентација дали сме 2005 или 1985. Концертот неуморно траеше повеќе од час и половина.
Звукот полн и богат, многу гласен, гласот малку во борба со гитарите, што и можеше да се очекува кога е во прашање Бобовиот силен емотивен рок. Басистот Jason Narducy беше одличен пратечки вокал што помогна песните да ја постигнат својата целовитост. Старите строго гитарски песни беа освежени со клавијатурската подлога на Morel, која дојде до израз посебно на спорите “Hardly Getting Over It” и “High Fidelity”. Прагматичниот ритам на Brendan Canty не дозволи енергијата да падне ниту за момент, напротив, таа само растеше. Се разбира, тука е и фенменалниот гитарист Боб, за кого и дојдовме овде вечерва.
Публиката опфатена во еден поглед може да се каже дека беше во границите 25-45 години. По реакцијата на песните би се рекло дека повеќето беа дојдени за стариот материјал од Sugar и Hüsker, но не помала реакција предизвикаа и новите песни, посебно “Paralyzed”. Сепак, ова беше повеќе ретроспективна свирка за опусот на Bob Mould, отколку промоција на новиот албум.
Четири ипол од пет ѕвезди.

Ѓокица Зафировски

setlist
The Act We Act
A Good Idea
Changes
Circles
Paralyzed
I Am Vision, I Am Sound
Underneath Days
Hoover Dam
See A Little Light
High Fidelity
Hardly Getting Over It
Could You Be The One?
I Apologize
Chartered Trips
The Receipt
Best Thing
Celebrated Summer
Beating Heart The Prize
Egøverride
If I Can’t Change Your Mind
Helpless
Makes No Sense At All
Man On The Moon

The Love Witch
режија: Anna Biller

21.07.2017

Хоророт често бил начин да му се погледне на табуто во очи. Во ера кога политички некоректните потези се дочекуваат на нож, хорор филмовите стануваат ...

20.07.2017

Пред некој ден во Сули ан домашните филмофили имаа можност на големото платно да го гледаат убедливо најдобриот европски филм за минатата 2016 година, „Тони ...