20 години PMG Kolektiv

 

PMG0

 

Таксират во рамки на оф-програмата од 17. издание на фестивалот го најавува целодневниот настан Taksirat Volunteer Day кој во соработка со Civica Mobilitas ќе се одвива со дневна програма од 10:00 до 20:30 часот, организирана во чест на Светскиот ден на волонтерите, а кој вечерта од 21:00 часот носи специјална музичка програма 20 ГОДИНИ ТЕ САКАМ со која ќе бидат одбележани 20-годишнината од постоењето на PMG Collective и 10 години од првиот концерт на бендот PMG Kolektiv. На PMG Kolektiv оваа вечер ќе му се придружат со настап во живо и групите The John и Sethstat, а со диџеј сетови ќе се претстават легендите на македонското клупско небо Robotek и Дарко Јорданов. Влезот за посетителите на дневната програма на Taksirat Volunteer Day е бесплатен. Влезниците за „20 ГОДИНИ ТЕ САКАМ“ се продаваат во продажната мрежа на МКтикетс по цена од 100 денари.

По повод 20-те години од постоењето PMG Kolektiv издадоа и монографија. Истата ќе можете да ја набавите на вечерашниот концерт, како и во Југотон.

PMG Collective е артистичка организација која постои и активно делува во рамките на македонската популарна култура од август 1995 година. Настаната на искршените скопски улици и развивана во јавност, тоа е веројатно највлијателната алтернативна формација, одговорна за широк спектар акции, од *****еуфории до музички револуции. Огромен број музичари, диџеи, театарски режисери, актери, дизајнери, сликари, хакери, лудаци, пријатели…минаа низ или се дел од Колективот. Милион журки, концерти и неопишани видови настани се дел од дваесетгодишниот континуитет кој се одвива ден за ден, викенд за викенд. Токму континуитетот и автентичниот квалитет на активностите е главната карактеристика на оваа формација.
PMG Kolektiv во оваа форма, започнуваат со работа во 2003та година и набргу стануваат еден од бендовите предводници на новата македонска музичка сцена. Произлезени од ПМГ Колективот, кој речиси две децении активно делува на нашата културна сцена, тие прават длабок музички засек во светското музичко искуство и го пресликуваат во македонската музичка реалност, давајќи му современ, динамичен и оригинален призвук. Звучното искуство би го локализирале некаде помеѓу креативната пост-панк мелодичност и сировиот танцов пристап. Една од најсилните карактеристики на бендот е нивниот жив настап кој не остава рамнодушни во публиката, а многу лесно преминува и во вистинска журка. Инаку ПМГ Колектив е еден од нашите концертно најактивни бендови (околу 250 концерти во последниве 10 години), а редовно настапуваат и вон границите на Македонија. Бендот досега има издадено 6 студиски албуми, а е одговорен и за голем број хитови во земјата, како: Ти си Мојот Свет, 80Ти, Скопјанка, Манекенки, Контрол, Ние Сме од Скопје…

 

PMG1

PMG2

PMG3PMG4

PMG5

PMG6PMG7

19.11.2018

Поетскиот ангажман на Лидија Димковска има една in flagranti конотација која интригира и восхитува. Поетскиот ракопис „Црно на бело“ започнува од едноставен бел стих, а ...

10.11.2018

Кон „Царството на мракот“ од Л.Н.Толстој во продукција на Народно позориште од Белград Режија: Игор Вук Торбица Главни улоги: Олга Одановиќ, Хана Селимовиќ, Вања Ејдус, Љубомир ...