Шапката на Др. Сакс

 

Др. Сакс ѝ прераскажуваше еден случај на својата сопруга, обидувајќи да се сети на сите поединости од своите „приказни од клиниката“, за сето време размислувајќи додека текстот трчаше по неговиот стар Ремингтон. Точка, запирка, две точки-чудење, па повторно чудење. Нов ред и повторување. Дали да го напише тоа што го виде и чу? Тој едноставно не можеше да поверува? Се работеше за пациентката Н. К., таа дошла на клиниката со видни промени во расположението и констатација. Констатирала на 88 години дека еднаш излечениот сифилис повторно се вратил? Чудно, но после извршените истражувања таа сепак беше во право. Др. Сакс го прочита на глас напишаното, извадок од неговата збирка „Човекот којшто ја збрка неговата жена за шапка“

hw

 

Светла жена од девеесет, Н. К., неодамна дојде на нашата клиника. Набргу по нејзиниот 88 роденден, таа рече дека забележала „промена“. Денешната случка го натера и самиот да води дневници. Во продолжение тој го прераскажа разговорот со пациентот од клиниката, збор по збор:
– Каков вид на промени ни се достапни за информации, г-ѓо К?
– Прекрасни! – извика таа. Јас целосно уживав во нив. Се чувствував поенергично, повеќе живо, се разбудив како девојка уште еднаш. Кај мене се поврати интересот за младите мажи. Почнав да се чувствувам, може да се каже, жива… да, жива.
– Ова е проблем?
– Не, не е во прв план. Се чувствував добро, исклучително добро, зошто треба да се мисли дека нешто е важно?
– И потоа?
– Моите пријатели почнаа да се загрижуваат. Отпрвин приметуваа: „Ти изгледаш како да зрачиш, како да си добила нов кредит за живеење!“, Но потоа тие почнаа да мислат дека тоа и не е баш пристојно. „Отсекогаш си била многу срамежлива“, ми велеа тие , „и сега одненадеж да започнеш со флерт?. Се кикотиш , кажуваш шеги – на твои години, дали е тоа во ред?“
– И како се чувствувавте?
– Бев изненадена. Сосема понесена, ми изгледаше како тоа мене да не ми се случува.
– Аха, попрецизно, како тоа се чувствувавте?

Но, тогаш си реков не , „Ти имаш 89 години, Н.К., ова ти се случува веќе цела година. Отсекогаш си била умерена во чувствата, каков е ова испад! Ти си една стара жена, што се приближува кон крајот. Што може да ја оправда ваквата ненадејна еуфорија?“ И штом помислив на еуфоријата, работите влегоа во нова заплетканост.
– Ти си болна, мила моја – си реков. Се чувствуваваш премногу добро, мора да си болна!
– Болна? Емотивно? Ментално болна?
– Не, не емотивно – физички болна. Постоеше нешто во моето тело, мојот мозок, што правеше да се чувствувам убаво. Тогаш ми дојде на ум помислата дека сум болна од купидоновата болест!
– Болеста на Купидон? Повторив по неа. Никогаш не бев слушнал за овој поим порано.
– Да, купидоновата болест, всушност се работи за сифилис.
Знаете, јас работев во еден бордел во Солун, изминаа скоро седумдесет години оттогаш. Таму закачив сифилис, го имаа многу од девојките. Ја викавме купидоновата болест. Мојот сопруг ме извлече оттаму, ме излечи и ме спаси. Тоа беше многу години пред да го пронајдат пеницилинот, се разбира. Можно ли е да се вратила болеста после сите овие години?
– Да, постои веројатност да се појави долг латентен период помеѓу примарната инфекција и пристигнувањето на невросифилис, особено ако примарната инфекција е потисната, не е искоренета.
Имав еден пациент, третиран со салварсан од Ерлих лично, кај него имаше развиено табес дорсалис, еден вид на невросифилистична состојба, цели педесет години подоцна. Ова е првпат да слушнам за интервал од седумдесет години, уште помалку за самодијагностициран церебрален сифилис, измутиран толку смирено и јасно.
– Тоа е неверојатна сугестија. Јас одговорив откако подлабоко размислив. Мене никогаш не би ми текнало но можеби имате право.

Таа беше во право, спиналната течност беше позитивна, таа имаше невросифилис, тоа навистина беше спирохетно стимулирање врз нејзиниот стар церебрален кортекс. Сега дојде на ред прашањето на третманот. Но, се појави уште една дилема која што искрсна, промовирана со точност, и типична острина од страна на г-ѓа К.
– Не знам што да лекувам – рече таа. Знам дека се работи за болест, но убаво ми е, уживам во неа, не доаѓа во предвид да се одречам од оваа убава болест. Ме прави да се чувствувам пожива, отколку кога бев на дваесет години, се забавувам. Но кога работите одат во нагорна линија, знам дека тие се враќаат како бумеранг, имам чудно чувство. Чувствувам импулс, не можам да ви ги објаснам точно за какви сензации се работи, можеби за тоа што се срамни и смешни. Како да сте отпрвин малку поднапиен, еротизиран, напален, но сето тоа трае и понатаму… Таа со мимика на млада, со спастична деменција изјави: Претпоставив дека го јавнав Купидон, затоа и дојдов кај вас. Не сакам да има влошување, може да биде многу пострашно, но не сакам да се излечам, тоа исто така е лошо. Мислите ли дека би можела да останам токму вака: излечена-неизлечена? Размислуваве некое време, се разбира на еден милозлив начин тоа беше јасно. Доби доза пеницилин што ќе ги убие спирохетите, но не можеше да се направи ништо за да се повратат целебралните промени, дезинхибицијата што беше предизвикана.

Лето 1891, месец октомври, се случи некогаш во градот Солун, имав точно 20 години. Престојував со Али Кан во едена грчка таверна. Се забавуваме, никогаш нема да го заборавам мирисот на морето и врелите медитерански ноќи, турските аги шетаа по темните анови до доцна во ноќта. Бев млада, понесена од страстите и ѓаволот во телото. Таму пристигнав со моето момче Афикис, требаше да сретнеме некои Македонци од Велес. Афикис беше пасиониран љубител на опиум, велеше дека немало подобар опиум од македонскиот. Беше во право, виното и македонскиот опиум беа врвот од земската екстатичност. Секојдневно уживавме во раскошните визии на македонскиот катран, навечер залевајќи се со најубиственото вино, полно со некаков меланж и мака што вознемирува, но те буди насмеан. Во утрата милувавме да пешачиме долж пристаништето правејќи шеги со месното население. Таа вечер имаше забава кај Ферид банкарот, Афикис се погрижи за мојата гардероба, велеше дека сакал неговата девојка да изгледа најубаво од сите на балот. Отидовме право кај Арон кројачот и тој ми зеде мерки, додека јас пробував различна руба од излозите на дуќанот. Пресвлекувајќи се, приметив дека од другата страна на излогот ѕверат пар црни арапски очи. Тој изгледаше како да сака да ме растргне, оттогаш непрестано ме следеше, подоцна разбрав дека се вика Ештреф, Ештреф кујунџијата. Од него ја добив болеста… Таа вечер на балот кај Ферид банкарот пиевме слатко италијанско вино и за сето време свиреа чалгии од некое мало македонско гратче, Ресен. Во еден миг оркестарот започна да свири едно салтарето, Афикис беше зафатен со англискиот амбасадор, до мене се најде Ештреф, па ме покани на еден танц. Цврсто ме стегна за половината, се триеше од мене како некое суџускасто врапче, како морска крава, од устата му клокотеа кисели лиги, беше поднапиен, од очите му зеваа матнила. Би го окарактезерила како месо за скара. Ги стави рацете на мојот задник, па ме расчекори, се напика во мене. Таа вечер успеав да се извлечам, но веќе следното утро, тој ме чекаше пред врата. Афикис ме праша дали сакам да имам нешто со него, типот бил упорен, тој заклучи. Требало тоа да го искористиме, со парите веќе бевме пред крај. Првпат му се дадов на еден стар правлив турски отоман во стовариштата на капетанијата, беше диво. Афикис, за сето време гледаше отстрана. Откако Ештрев се задоволи, Афикис му побара илјада лири, овој посрамен извади двесте, па вети дека утре ќе дојде кај нас дома. На патот за дома, Афикис, скршна кон хотелот Ројал, да го побара Тасе воденичарот. Тој работеше како рецепционер до раните часови, секогаш имаше првокласен катран со себе. Повторно се с’лешивме. Бев за првпат распаметена од задоволство, во целосна екстаза. Млада и со полна сила, јадев од сништата на богатите аги. Живеевме во еврејското маало, во една куќа со високи тавани и прозори кои гледаа кон Виа Игнациа. Наутро не будеа уличните продавачи на зеленчук и овошје, се чувствував како на сон, со главата меѓу нозе, цигарата во уста.

Уф, а тоа кафе на пладневното сонце. Па повторно во кревет, мислам дека проживеав три живота во една година. Секс, дрога, вино. Докторе… И сега е повторно во мене таа убава болест на деведесет години, ми верувате господине Сакс? Убава? Не знам како да ја наречам, но денеска ја доживувам како благослов…
Доктор Сакс се обидуваше да се прибере од помислата дека некој може да живее цели 90 години со сифилис и да има потреба од секс, да биде заразен од венерична болест, па истиот да не сака да се лечи? Но како и сé останато во животот, секогаш имаше исклучоци. Тој мораше да си признае во себе, дека не постои формула.
– Најстрашното за нас е за некого лек, нели.
Сиротата старица Н. К. посрамено се повлече во себе. Др. Сакс продолжи со мунициозност, и помалку конвенционална, топла утешителност.
– Колку и да се обидуваме, секогаш сме на работ од нештата. Постои еден општ патоказ за нештата но тие не се правила, секогаш има исклучоци, а за тоа сте доказ вие Г-ѓо К.
– Што понатаму? Раскажувајте… Како тоа се излекувавте? Се извлековте од тој чудесен лавиринт на дрогата сексот и лудилото на порокот?
Др. Сакс за цело време поставуваше прашања кои повеќе немаа никаква врска со дијагнозата и состојбата на пациентот, беше повеќе заинтересиран за самата душевна димензија на Н.К. отколку за самата болест. Ја доживеа како стара промаја, ентитет со содржина, со чорапчиња и корпа што собира меснати артефакти, импулсите на планетарниот срж, пифтијасти реторти, премачкани со кајмак и некаква психоделична урда, излачевини и црвојадини, временски дупки… Биоенвиромент во кој елекрично се воспева култот на сексот и еросот. Бесрамница… Но сепак, сето тоа беше нормално за Др. Сакс. Како ли би изгледала оваа стара жена кога повторно би се предала на страстите? Таа сигурно би се нурнала повторно… Ги помести очилата кон носот анализирајќи го нејзиниот физички облик. Помалку беше засрамен од сопствената надразба, и помисли на сите случки одлеани во минатото на Госпоѓа К. Се прашуваше како им е на оние што работат во оделите на службите за внатрешни работи, на сите оние деликвенти, сексуални изроди и затвореници, долж светот. Цел тој жед за сексуална надразба, и понатаму продолжуваше да ги слуша јадикувањата на старицата, исто така како што уште како млад човек ги слушаше доживувањата на постарите момчиња од комшилукот. Сите оние настрани животни приказни за извртените дами и првите пенетрации, премачкани со фелиниевска глазура, цела таа таинствена одвратност, донекаде гротескност, симулакрумот на креацијата. Но сето тоа го исполнуваше.
Како кога некој чита книга која што толку многу му се допаѓа, а сепак со секоја нова страница се доближува кон крајот. Но, во овој случај задоволството беше ѓаволски продолжено, телото го одложило својот крај, сеанса на вртоглава екстаза. Помисли и самиот да ги направи сите недозволливи работи, да се одметне, да заврши во некој бордел, во дивината на порокот. Н. К. сега му раскажуваше за Даниел К., нејзиниот сопруг, тогаш вработен во шпанскиот конзулат како гардист. Бил нежен маж со многу широко срце и неверојатна, скоро невистинита детска насмевка, ангел. Бил преслика на оние ситни ангелчиња што фрлаат срелички, тој успеал да ја извади од канџите на дрогата, иако таа никогаш не му подарила деца. Даниел починал во четириесеттата година за време на Втората Светска Војна. Оттогаш, Н. К. живееше повлечен живот, на имотот во околината на Кастиља, со скромната пензија од нејзиниот сопруг. Ја испрати до излезот од клиниката, на враќање и самиот зеде да пишува. Човекот којшто ја збрка неговата жена за шапка. Така ќе ја наслови книгата – „Човекот којшто ја збрка неговата жена за шапка“.

 

Другата страна на надежта
режија: Aki Kaurismäki

21.05.2017

Кога зборуваме за помали европски кинематографии, финската секако е една од нив. Истата најчесто се поистоветува со имињата на браќата Мика (постариот) и Аки (помладиот) ...

Depeche Mode во живо во Амстердам
Ziggo Dome | 7 мај 2017

18.05.2017

По четиригодишната пауза од издавањето на последниот студиски албум кој беше оценет како најслаб од страна на критичарите и публиката – Delta Machine (2013,  Columbia ...