“Сакам андерграунд мелодии кои се искрени и хибридни и во кои гледате дека луѓето се обидуваат да ги скршат, да им ја сменат природата. Андерграунд музиката треба да биде со завртен грб, треба да биде исчезната, без трага, нечитлива, да биде како далечна светлина.”
Burial

burial-william-emmanuel-bevanBurial (William Emmanuel Bevan) (Фотографија: Hyperdub)

 

Просто е неверојатно како годиниве музиката се јаде самата себеси. Технологијата во дослух со индустријата до таа мерка станаа похлепни што до „перфекција“ ја клонираа и первертираа аудио надразбата, до степен на божество ги промовираа продуцентските „супермоќи“, ги осудија на смрт предозираните музички жанрови и сервилно ја поспешија интернет декаденцијата.

Сосема несвесно сите станаа(вме) големи потрошувачи со плитки џебови. Артистите веке му вртат грб на музичкиот естаблишмент (Radiohead без посредници го продава својот најнов албум на интернет за „колку што купувачите мислат дека вреди“, па така за првите два дена остварени се 1.200.000 download-и по просечна цена од 1 фунта. По нив тргнаа и Nine inch nails и Madonna). Едно е сигурно – добрите музичари секогаш ке можат да ја „продадат“ својата музика. А за добра музика потребно ви е мнооогу малку – само еден инструмент ако сте во стоечка или еден софтвер ако сте во седечка состојба, вие изберете. За оваа прилика еве го и доказот – Burial пред себе го имаше само Soundforge софтверот, а резултатот од тоа е неговиот втор по ред албум Untrue, буквално најизвиканото, наречи електронско издание годинава, балансирано и мистериозно остварување со несекојдневно едноставен и јасен музички јазик.
Burial е лондонски (сé уште) анонимен продуцентски проект кој своето прво издание го има минатата година за Hyperdub куќата (патем и тоа брилијантно, без претерување). Сместен во, за нас наизглед разбирлива рамка – dubstep и garage жанрот (повторно тие несреќни новинарски крилатици, it’s all about music, не?) Untrue за почеток праќа ограничувачки сигнали, но првите синкопи од албумот веќе го демантираат тоа. Помалку застрашувачки и меланхоличен, Untrue совршено комуницира со трилер напнатост, но ритамот и гласовите не му дозволуваат тоа да биде до крај. Тој, ритамот е повеќе од заразен и проактивен, еуфорично кружи во албумот со нарушен 4/4 такт. Burial е мудар и елегантен во бирањето, создавањето и продуцирањето на семпловите, размислува „филмски“, а на моменти и утописки. Во овој (пре)богат 50-минутен спектар од звуци особено апсурден е спојот на слушливо нагласената меланхолија и „модерните“ R&B вокали (само на ниво на рефрени), грижливо третирани со благи vocoder и delay/echo ефекти. Талентираниот Burial умесно се игра со својот епски сон. Untitled, Archangel, Near Dark, Ghost Hardware, Endorphin, Etched Headplate, In McDonalds, Untrue, Shell of Light, Dog Shelter, Homeless, UK и Raver се 13-те песни на овој “low-tech” триумф. Не е клише – ова е ремек дело.

radio bagdad @ plagij.at 2007

Европската вожња на скопската линија
Кон фестивалот Cinedays 9-19 ноември

24.11.2017

Од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар се одржа 16-то издание на меѓународниот фестивал на европски филм Cinedays. Овогодинешното мото на фестивалот ...

21.11.2017

На затворањето на „Синедејс“ во неделата се случи македонската премиера на „Исцелител“, дебитантското остварување на режисерот Ѓорче Ставревски, кој по долгогодишна работа на ова негово ...