Слушачка и концертна промоција на деби албумот на Pluto's Doubts „Сизиф“

4/12/2017 кино Фросина 23:30

[ ]

Во рамките на Таксират фестивал на 4-ти декември во киното Фросина, скопскиот квинтет Pluto’s Doubts ќе го промовираат својот долгоочекуван деби албум „Сизиф“.

PD-MKC
Pluto’s Doubts е музичка група од Скопје, која во период од две години помина низ неколку фази од аспект на звук, членство и чувство. Појдовната идеја е да овозможи слободен проток на креативна енергија, притоа мешајќи луѓе со различна вокација, ниет и табиет. Првите никулци од она што е денес албум, добија своја демо-форма во студиото на Нино Спиркоски. Материјалите беа пуштени есента 2015-та година, а во тој период уследија и првите настапи во живо. Прв значаен фидбек испровоцира синглот Супер Јупитер, чиј видео-запис е идеја/реализација на Александар Петков и беше дел од емисијата Videography, MTV Adria.

 


c

Клучен настан за реализација на „Сизиф“ е победата на Лузер фест во 2015-та, во организација на Password продукција. Во меѓувреме, како дел од наградата дојде и настапот на Exit фестивалот 2016 на Future stage-от, како и други помали настани од типот на „Што се тресе во МКЦ?“, „Земјотрес“ и вториот роденден на Reborn во Vinyl. Снимањето започна во Љубанци, во соработка со Ивица Јанкуловски (студио Alshar), а продолжи во „Подрумот“ со Ангел Ќосев и Лука Ѓоргиевски како главен продуцент. Нештата ја добија својата конечна форма во јуни годинава.

Албумот изобилува со идејна шареноликост. Ритмички, мелодиски па дури и во аранжманот на песните и нивната структура. Лирски, содржи траги на импресионизам и некаква интимна димензија, но истовремено е прилично отворен и живо кореспондира со социо-културното опкружување во кое музиката е создавана. Имајќи го сето ова предвид, Сизиф би требало да функционира како приказ на состојбата во духот на одредено време и простор.

Првиот сингл од албумот е песната Самоглад. Спотот е во режија на Борјан Стојков, и нему му го должи својот визуелен идентитет.

 

Супер Јупитер, Скржави Цртежи, Улај, Самоглад и уште 5 свежи композиции од деби албумот Сизиф вечерва во кафе-барот Винил ќе имате можност да ги слушнете први на Слушачката промоција. На промоцијата ќе се продаваат билети по цена од 200 денари за концертниот перформанс во најава на 4-ти декември.

Влезниците за промотивниот концерт можете да ги најдете преку продажната мрежа на МкТикетс со цена од 200 денари во претпродажба и 300 денари на денот на концертот.

06.02.2018

Ибзен забележал дека насловот на оваа негова бесмртна пиеса го оставил како Хеда Габлер, а не како Хеда Тесман токму заради нејзиниот социјален контекст, бидејќи ...

Супстанцијата на болката
кон концертот на Algiers, 2 февруари 2018 МКЦ

03.02.2018

Што прави некој кој што нема попаметна работа во Скопје? Оди на концерт на Algiers во МКЦ. фотографии: ЗдеПе   Кои се „Алжирците“? Алжирците се ...