DokuNights - запознајте се со музичката програма на DokuFest

4-12 август | Призрен, Косово

[ ]

Dokufest егзистира на нашите региони со титула на реномиран интернационален фестивал за документарни и кратки филмови и како најголем филмски фестивал на Косово. Секоја година фестивалот презентира внимателно избрана квалитетна селекција од над 200 филмови прикажувајќи ги на импровизирани места за проекција низ историскиот центар на градот Призрен. Освен филмската, Dokufest грижливо ја негува и музичката програма на фестивалот – DokuNights.

DN-DF

Фестивалот е познат по неговата жива атмосфера, беспрекорен ентузијазам кој го обзема градот и луѓето кои се вклучени во истиот кои достигнуваат бројка до 150 волонтери што активно и ангажирано работат на остварување на истиот. Документарни фото изложби, дебати, мастер часови, предавања и настани со разновидна музика во живо. Со огромно задоволство ви ја претставуваме целосната програма на DokuNights, која низ 9 ноќи опфаќа внимателна селекција, повикувајќи на разновидност во вкусовите, алтернативи во ставовите и точно онолку бунтовничка младина колку што налага иднината.


Своите врати Докуфест ги отвара на 4-ти август придавајки и чест на косовската издавачка куќа “Tomorrow”, со настапи на нејзините ѕвезди Buta, Ledri Vula и Gamblemania со бенд за електричен старт. Продолжувајќи ја соработката со Drugstore, ќе одиме кон темното и индустријалот со изведбата во живо на Sleeparchive и потоа со диџеј сетовите на Drugstore резидентот Regen и нашиот татко и претставник на De:SonanzAndreas HZ, на начин кој само сабота го заслужува. Во недела ќе отпатуваме во друга димензија со концертот на Andrra што со сигурност ќе отвори портал за мулти-димензионално патување.

Докуфест со гордост повторно најавува и промовира дел од косовските најсвежи и возбудливи музички проекти и формации кои ќе го направат своето деби на нивната голема сцена. Колективите Crown & ZBDs од Приштина ќе го донесат својот моќен, динамичен, хип-хоп насочен и лирички ориентиран рапкор, додека новоформираниот дует Rreth ќе го лансира својот албум кои содржи комбинација на влијанија што кружат околу духот на Косово користејки од Debussy инспирирани пијана до современи техно кикови со мешавина на езотерични вокали.
Нашиот DJ Гоце ќе ги сврти и своите плочи и ќе ја држи ноќта жешка како што само тој умее мешајки hip hop со old School, funk, soul, r’n’b, neo soul и сè она што го инспирирало низ годините на неговата кариера.

Нашите Bernays Propaganda повторно се враќаат на Докуфест со нивниte new wave post-punk танцувачки мелодии украсени со шармантни женски вокални и анархистички текстови. Концертот ќе биде проследен со локалната пост-панк електроника Elektorati Intelektual, кој за првпат ќе отсвири и претстави нов неиздаден материјал.

Настан за кој сме посебно возбудени, е забавата со два легендарни нордиски електронски музичари, Markus Henriksson aka Minilogue и Samuli Kemppi, кои ќе донесат мешавина на автентична танцова електронска музика која е несомнено поврзана со природата. Честа на отварање на оваа вечер ќе падне во рацете на локалниот Moodular и Panda, и ноќта ќе има целосно отворен пристап кон Космосот.

Angry Youth повторно ќе го донесе најдоброто од grime растечката сцена, со тоа што ќе биде домаќин на ноќ која ќе го претстави најдоброто што Велика Британија може во моментов да го понуди – Mez & Grandmixxer, со загревање од страна на шефовите на AY колектив.

Последна најава за DokuNights XVI е настапот на кралицата на Њу Јорк – Princess NokiaLa bruja и tomboy, урбана феминистка и божица која ги крши сите бариери, Princess Nokia ќе ни ја покаже женската сила и моќ што ќе ја предводи иднината и тоа ГЛАСНО И ПОГЛАСНО!

Вториот викенд ќе се натопи во електроника, славејќи со Showcase на една од највозбудливите издавачки куќи  во светот – Ilian Tape, со сетови од основачите на истиот Zenker Brothers и изведбата во живо на Andrea.

За да се прослави новоотворениот дворец со поглед на градот, се здружија сили со CHwB Косово и во таа чест ќе се одржат два магични концерти во живо на зајдисонце. На зајдисонцето на 5 август, албанскиот исо-полифониски хор ќе ја доведе емоционалната тежа на вековите што ќе се манифестира со моќта на човечкиот глас и генијалните импровизации на Robert Bisha, еден од најталентираните мулти-инструменталисти што некогаш ќе ги видите. На 11 август, драгите пријатели на Докуфест, Vincent Moon и Priscilla Telmon ќе развијат нова форма на транс-кино, вклучувајќи ги и снимките од локалниот свети суфистички ритуал, нивните музички етнографски филмови и магичното живо пеење на косовската Agona Shporta.
Завршната ноќ ќе се одржи во прекрасниот локалитет Lumbardhi и ќе биде обележана со изведба од Kaira Kela, afro-beat колектив направен со членови од целиот свет, за светло и среќно испраќање и завршеток.

Топла препорака оваа година да го посетите Докуфест и нивната DokuNights програма и да уживате во прекрасната мултимедијална култоролошка содржина.

Гогита и Мака – трезвена грузиска романса на свежа августовска македоксовска вечер
кон документарниот филм „Новиот живот на Гогита“

23.08.2017

Во едно сакартвелско зафрлено место се испреплетуваат приказните за животот после децениски престој во затвор, за важноста на семејството, виртуелните врски и нивното преминување во „вистинскиот” ...

[рецензија] War for the Planet of the Apes
режија: Matt Reeves

12.08.2017

Еден ден Andy Serkis (Gollum, King Kong) ќе биде номиниран за Оскар. Се надевам дека тоа ќе се случи токму за улогата на Цезар во ...