Shlømo во Епицентар

4 ноември 2017 Клуб Епицентар 24:00

[ ]

Клубот Епицентар вечерва ќе го претстави Shlømo, еден од главните протагонисти на француското техно подземје. За само неколку години тој брзо се појавува со свој карактеристичен звук, главно на сопствената Taapion Records, но исто така и на влијателни етикети како Delsin Records, Singular Records и Arts Collective.

S@E

Влечејќи ги своите почетоци под влијание на изданијата на Warp како Aphex Twin и Boards of Canada, неговите сетови се хибриди од мрачни, тврди техно звуци и атмосфери, секогаш балансирајќи ги преку емоциите на подиумот. Shlømo во 2013 заедно со AWB и PVNV го создаваат Taapion Records, нивниот личен лејбл за кого и го издава своето прво EP: The Harvest кое најдобро ги отсликува и дефинира неговите вештини како продуцент и наоѓа на одлична прифатеност кај публиката.

Неговата продукција се почесто е присутна на плеј-листите на Inigo Kennedy, Donato Dozzy, Darko Esser или ремиксирана од артисти како Norman Nodge и Французите Bambounou и Antigone, а оваа година гласините за неговиот деби албум ги најавија и ремиксите од артисти како Oscar Mulero, Tripeo, Johannes Heil и Sigha.

Локална поддршка – Горан Кан. Настанот започнува на полноќ, влезница е 350 денари.

 

13.07.2018

Рускиот академско-младински театар од Москва, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Андреј Сипин, Рамилја Искандер, Александар Доронин   Третиот дел од оваа епохална сага на Том ...

11.07.2018

Оној кој го читал Господинов, го сака Господинов. Оној кој ја читал неговата „Физика на тагата”, е вљубен во романот. Оној кој ја гледал „Физика ...