SUSIJAT

Safety in Numbness

Во една тмурна ноќ на 3 декември 2013 четворица карактери одлучуваат да направат бенд и да ги соочат нивните различни музички диспозиции.

Планот е следен: преку импровизација во еден подрум во скопско Радишани да се дојде до песни, поинакви од тие кои дотогаш ги беа правеле во своите претходни состави – Кло, Jazz O’Nick, Новоградска и String Forces, овојпат провизорно и инстинктивно усмерувачки осмислени. 17 месеци подоцна, Деан Змејкоски, Борко Хаџиевски, Никола Дрвошанов и Лазар Дарковски изнедруваат 10 композиции во резултат слушлив на нивното деби – Safety in Numbness. „Ќе бидеме СУСИЈАТ“ – одлучува бендот да се именува според староприлепски израз за брусна хартија, а во таа насока некаде се движи и нивната музичката перспектива, како туробен дериват од нивните емпириски наследства, музика определена како содржина од комплексни и слоевити аранжмани наслонети на сугестивен вокал кој ја управува амбициозната инструментализација, згора на сé отпеан на недомашен англиски, којзнае зошто, nobody knows. СУСИЈАТ на деби албумот капитализираат 10 вонсериски звуковно продуцирани песни кои слободно можете да ги фрлите во фолдерот пост-рок екстравагаца. Право меѓу уши.

Саша Павловиќ | Коза Ностра | 31 декември 2015

Ако немаш фетиш кон винилот, подобро не започнувај
24 прашања за Тошо Филиповски / АП(о)ТЕКА

20.04.2017

Продавниците за плочи отсекогаш биле храмови на музиката, кажал некој и не згрешил во тврдењето кое во новиот милениум беше сериозно загрозено со појавата на дигиталните ...

Julie London
Yammy, Yammy, Yammy

12.04.2017

Од музичкиот дневник на Ѕвеки   Џули Лондон (Julie London 1926 – 2000) е македонска пејачка! Ова, по некаков асоцијативен пат, морав да го помислам ...