pf1

За време на нашата летна продуктивна изолација, јас и Defect 13th, трагајќи по фестивал кој би ги соединил нашите музички вкусови и преференции во една хармонија која ќе допринесе за целосно ослободување на нашите души и ќе биде значително обострано креативно влијание, го откривме совршеното решение – скриен во планините на градот Guardiola de Berguedà (Барселона) од 2-ри до 4-ти септември “Paral·lel Festival” ќе го претстави своето прво издание.

Во шума, на една сцена, концептуално избрани артисти и лимитиран број од 1000 луѓе – совршеното сценарио по кое трагавме. По првенствено откриената статија на RA и прегледот на фестивалскиот вебсајт, веднаш стапив во контакт со еден од организаторите – Felix Beltran, кој топло го прифати нашиот интерес за колаборација и ме упати подетално во фестивалскиот концепт.
Фестивалот има неколку цели:
– пред се,е да го избегне целиот тој шаблон на музички случувања по плажи, базени, разни големи локации кои се типични за забавите во Барселона и градскиот метеж во целост;
– лимитиран број на 1000 луѓе, која можеби е и главната вредност и одлика според мене а и според организаторите, со цел да се постигне селекција на вистински фанови и уживатели кои ќе имаат шанса да се стекнат со поинакво доживотно искуство, посилна конекција со артистите, поголем комфор во секој поглед и пријатен интимен простор за целосно максимално задоволство;
– 1 Stage , Funktion 1 Official Soundsystem, и 40 часовна внимателно избрана музичка експериментална/амбиент и техно програма поделена во 3 дела: Prologue (петок), Story (сабота) и Epilogue (недела) кои ќе се одвиваат претежно во денско време и ќе овозможат едно уникатно хипнотично искуство како за публиката така и за артистите дозволувајќи им доволно простор за изразување и пренесување на посакуваната сопствена приказна, но исто така одзимајќи ја дистанцата артист-слушател со цел постигнување единствено возвишено искуство.

Потврдени артисти за овогодинешното прво издание се :

Cio D’Or (Prologue/Semantica, Германија), покрај Dozzy ја има главната заслуга за моето вљубување во хипнотичното техно. Откога имав прилика да го слушам нејзиниот настап во живо на 10-годишнината од Full Panda Records во Tresor, Берлин, лани ова време, мојата перцепција за музика значително се измени и влијанието значително се огледа во моите идни DJ-ски селекции. Таа се одликува со специфични екстравагантни, харизматични и поетични звуци кои возвишуваат кон уникатни доживувања од слушачки аспект.

Abdulla Rashim (Northern Electronics/Semantica, Шведска), со своите високо текстурирани, атмосферични и длабоки звуци е можеби најзначајното скадинавско име на светската deep техно сцена. Мистериозниот, но истовремено и возбудлив артист за кратко време од 3 години стартува 2 високопочитувани ‘лејблови’ од кои и веќе споменатиот и добро познат Northern Electronics, кој со својата деликатна естетика на спој од сензација и емоција со сигурност можеме да го издвоиме како омилен и во меѓувреме издава за неколку други.

Peter Van Hoesen (Time To Express, Белгија), за нас добропознат пред сè како едната половина од Sendai (покрај Yves De Mey), е еден од најнезависните и openminded техно продуценти, застапник на Time to Express, кој се одликува со вистински sense на себеизразување творејки вистински инспирирачки композициски приказни со мрачни, фасцинантни звуци погодни за различни околини и атмосфери.

Eric Cloutier (The Bunker NY / Mosaic, САД), долго почитуван на сцената како влијателен музички селектор кој од 96-та година ја има моќта да ја импресира публиката, неодамна издавајќи и своја музика, Cloutier е несомнено добро познато име на underground сцената.

Svreca (Semantica, Шпанија), е млад Dj и продуцент од Мадрид кој успешно влијае на сцената комбинирајќи комплексно и мрачно техно со апстрактни електронски елементи. Во 2006-та година тој го стартува ‘Semantica Records’ кој е еден од најреспектираните и влијателни издавачки куќи на светската сцена во моментов и дефинитивно еден од нашите најомилени.

Mohlao (Meanwhile/Deep Sound Channel, Холандија), Samuel van Dijk издава музика под неколку псевдоними како Mohlao, VC­118A и Multicast Dynamics. Секој проект засебно е со свој респектиран стил и концепт. Неговиот стил се одликува од фузија на deep techno до вонземски електроники и апстрактни експериментални звуци.

Luigi Tozzi (Dynamic Reflection/Hypnus Records /Outis/Mental Modern, Италија), претставник на италијанската deep techno сцена за чие раѓање токму тој има голем импакт и заслуга. Неговата музика се издава за лејблови како доброприфатениот ‘Dynamic Reflection’ и за нас многу влијателниот и фаворизиран ‘Hypnus Records’ кој истотака има улога во дефинирањето и развојот на неговиот стил.

Refracted (Mind Express / Silent Season, Шпанија), “Music is all about connections, and is at it´s most vital when it speaks to you in a voice only you seem to hear”- изјавува за Resident Advisor, Refracted се одликува со длабок ритам и атмосферични елементи кои со сигурност нудат хипнотично уникатно патување за слушателот.

Shifted (Mote-Evolver/Avian, Англија), откатко издава за добропознатиот ‘Mote-Evolver’ на Luke Slater и за ‘Bed Of Nails’ на Vatican Shadow и за неговиот добро познат ‘Avian’, тој се поставува себеси на сцената како еден од најреспектираните артисти кои ги кршат границите низ провоцирачка мисла на прогресивно техно, electronic noise и експериментална музика во целост.

Arovane (not on label(Arovane-self released)/A Strangely Isolated Placen5MD/Echochord/Eilean/Éter, Германија), стилски неговата продукција е инспирирана од почетните мелодични звуци на Autechre, кои во комбинација со интересни и необични ритмови, нежни synth текстури, евоцираат топли и носталгични сензации кои се во контраст со острината на ритмовите.

Меѓу публиката ќе се најдат и респектирани артисти од сцената кои ќе бидат само присутни уживатели на фестивалот. Како што се гледа од опишаното, организаторите поставуваат јасна визија каде целта е да се пренесе автентичната приказна која стои зад секој од наведените артисти во уникатна атмосфера која несомнено ќе доведе до незаборавно искуство и силни возвишени доживувања.

Картите се во продажба по многу примамлива достапна цена од 59 EUR.
Огромната локација нуди дистинктивни простори за перформанси, камп предел, места за одмор, штандови за локална храна, шанкови и пред сè значителна природна убавина. Несомнено, целокупниот фестивалски концепт однапред ветува незаборавно хипнотично искушение кое не би го пропуштиле фановите на електронската сцена кои се во можност да го посетат.

За сите што ќе партиципираат – Се гледаме на Paral·lel Festival, а за оние кои посакуваат но не се во можност, не грижете се, ние ке се потрудиме да го пренесеме максимално искуството оттаму.

Со љубов,
Клара (BTKRSH/Female Pressure/Broccoli Music)

13.07.2018

Рускиот академско-младински театар од Москва, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Андреј Сипин, Рамилја Искандер, Александар Доронин   Третиот дел од оваа епохална сага на Том ...

11.07.2018

Оној кој го читал Господинов, го сака Господинов. Оној кој ја читал неговата „Физика на тагата”, е вљубен во романот. Оној кој ја гледал „Физика ...