Havoc Of Mobb Deep во живо во МКЦ

SureShotz Entertainment и MKЦ го најавуваат за првпат гостувањето на Havoc, едната половина од легендарното хардкор хип хоп дуо Mobb Deep, директно од Queensbrige, New York. Тој ќе одржи DJ сет, како и настап со некои од најголемите хитови на Mobb Deep, во недела, 22 jануари, со почеток во 21:30 часот во Младинскиот Културен Центар. Локална поддршка на настапот ќе бидат Дивизија, DJ Shorty P и DJ Mawrteen.

Havoc е една половина од дуото Mobb Deep, која важи за една од највлијателните во историјата на хип-хоп музиката. Воедно, тој е и главен продуцент на бендот, а досега има продуцирано и за артисти како Eminem, Nas, Foxy Brown, Onyx, Notorious B.I.G., Jadakiss, Styles P, Method Man, The Game, LL Cool J, Diddy, Termanology, Capone – N – Noreaga, како и за неговиот “колега” од Mobb Deep – Prodigy на неговите соло проекти. Во периодот од 2005 до 2009, заедно со Mobb Deep беше дел од G-Unit групацијата на 50 Cent, каде работеше и како продуцент. Она што Havoc го прикажува преку неговите битови на песните на Mobb Deep, e доста слично со работата на RZA и неговите Wu-Tang Clan. За негови најуспешни проекти до сега, се сметаат албумите “Infamous” и “Hell on Earth”, на кои преовладуваат семплови од класична музика, а во последно време е актуелен како продуцен на последниот албум на Kanye West – “The Life of Pablo” (негово дело се песните “Real Friends” и “Famous”).
Со преку 3 милиони продадени албуми, и заработка од преку 10 милиони долари, Mobb Deep е една од најреномираните хип-хоп групи од источниот дел на САД. Havoc и Prodigy кои доаѓаат од Queensbridge Houses, се запознаваат во средното уметничко училиште во New York, и во 1990 година го формираат бендот кој на почетокот се викал Poetical Prophets. Првиот поголем успех го забележуваат со нивниот втор студиски албум – “The Infamous” од 1995 година, на кој дуото јасно и сликовито го опишува уличниот живот на афроамериканците во New York. Најголеми хитови од овој албум секако се “Survival of the Fittest” и “Shook ones Pt. 2”. Нивниот трет студиски албум – “Hell on Earth”, кој е објавен една година подоцна, се искачува на шестото место на Billboard Album Chart листата, а на него како гости се јавуваат Method Man, Raekwon и Nas. До сега бендот има објавено 8 студиски албуми.

Билети во претпродажба во продажната мрежа на MK Tickets и билетарницата на МКЦ. Цена – 350 денари, на врата – 500.

Кога денот немаше име
режија: Теона Стругар Митевска

10.10.2017

Изминативе денови се крена многу врева и прав околу новото остварување на Теона Митевска, „Кога денот немаше име“. Како фино маркетиншко надоврзување на фокусот врз ...

Истребувач 2049 | Blade runner 2049
режија: Denis Villeneuve

07.10.2017

Еден ден по најдолго исчекуваната премиера во мојот живот седнувам пред компјутерот, го пуштам на Јутјуб саундтракот од филмот за да ме понесе атмосферата на ...