YÖU - Концертна промоција на "We sing the blues" во МКЦ

Скопскиот бенд YÖU ќе го промовира својот прв албум We sing the blues. Концертната промоција е закажана за сабота, 21 јануари во 21:30 часот во бифето на МКЦ.

ymkc1

YÖU се млад бенд кој постои од 2015 година и досега имаат свирено неколку концерти во Скопје, како и во други градови низ Македонија. Моментално се во процес на букирање на нивната прва европска турнеа која ќе се одржи во мај 2017.

Албумот е снимен во Alshar Studio – Скопје, микс и мастеринг Ивица Јанкуловски – Шравче, во октомври 2016. Дизајн на омот: Марко Крстевски (Omowsky). YÖU го сочинуваат Марко Крстевски (гитара, вокал), Мартин Митевски (бас гитара, вокал) и Тејка Васиљевиќ (тапани, вокал). На самиот концерт ќе може да се набави и ЦД од новиот албум.

Билетите се во претпродажба само на касата на МКЦ по цена од 200 денари, а на денот на концертот по 250 денари.

1959: годината која го промени Џезот

17.06.2017

Вечерва со возбуда изгледав еден прекрасен шеесетминутен документарец насловен „1959: годината која го промени Џезот“, телевизиски проект од 2009 година на режисерот Пол Бернајс кој, ...

13.06.2017

Во најавата за претставата „Експеримент” стои: „Главна инспирација за претставата е книгата The Lucifer Effect на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира ...