Балкан Велики промовира нови изданија

Издавачката нет-куќа Балкан Велики за кратко време објави неколу интересни изданија. Стеван Ќировиќ aka Esteban Gabridge (од бендот VVhile) за Балкан Велики го има своето прво соло “home recorded” EP издание Until Recently, I Thought I Had All The Time In The World, снимено во летото 2014. Фонија се вратија на сцената со свое ново издание „Човек од стакло“, додека Bernays Propaganda го реализираа Skopje 2016 Remix EP, на кое се наоѓаат, помеѓу останатите, ремикси од DJ Гоце, Mark Heaney, PMG Kolektiv, Фонија и други.
Васко Атанасоски за својата куќа има свое ново EP – Canada via Mexico, а на истата куќа е поместен и првиот настап во живо на Bernays Propaganda, на 19 февруари 2007 во клубот Кастро. Балкан Велики ги претставува и деби изданијата на DJ Rama Danowsky – JB meets the 20th Century Crooks, како и на For pleasure – In the freetime I: Sunny. Neon Lies е соло проект на Горан Лаутар, гитаристот и вокалистот на Modern Delusion, кој за Балкан Велики го има изданието Western Death Song.
Во низата изданија, Bernays Propaganda го реализираа и албумот во живо „Едно 500​-​600 пати“, колекција од нивните најдобри настапи во живо од нивните изминати 10 години постоење. Слушнете, вреди секоја минута.

 









[рецензија] War for the Planet of the Apes
режија: Matt Reeves

12.08.2017

Еден ден Andy Serkis (Gollum, King Kong) ќе биде номиниран за Оскар. Се надевам дека тоа ќе се случи токму за улогата на Цезар во ...

The Love Witch
режија: Anna Biller

21.07.2017

Хоророт често бил начин да му се погледне на табуто во очи. Во ера кога политички некоректните потези се дочекуваат на нож, хорор филмовите стануваат ...