БОШ Фестивал ви праќа глас!

BOSH Festival ви праќа глас за неговото деветто издание. Деветтото издание на БОШ ќе започне во главниот град, каде на 03.03.2017 во соработка со МКЦ ви ги најавува настапите на Gianni Druid, The Cyclist Conspiracy и Lenhart Tapes, а со тоа истовремено ја најавува и едицијата Ремек Дела – издавање на независни цртачи на сито штампа, во различни формати, што произлезе од соработката со NOVO DOBA FESTIVAL од Белград.
Прв во оваа едиција ќе биде претставен Кирчо Арсовски – Secret Agent, кој е автор на цртежот кој се најде на плакатот за БОШ 9 – Глас, а дизајн на Johanna Peresito – Johanna Marcadé-Mot.

BFVPG


Ќе може да си купите Бош маички, со апликација од цртеж на Кирчо и негови цртежи / 21 часот, кино Фросина.
Партнер на настанот е Јадро – асоцијација на независната културна сцена, донатор Гете Институт – Скопје.

Gianni Druid е алхемичар во Дон-Кихотска борба за кршење на музичките табуа на Балканот. Со техника на Тројански коњ, Gianni го внесува Аца Лукас во drum&bass матрица, Халид Муслимовиќ во џез варијанта, ги спојува Iron Maiden со романски Цигани, од Брена прави краутрок… Во тој процес понекогаш врши минимални измени, играјќи си намерно со тежината на товарот, која е врежана во колективната свест од неброени повторувања на песните по медиуми, а понекогаш ги мутира своите оксиморонски миксови до потполно не-препознавање, додавајки во живо свои одсвирени инструменти, ономатопеи, повици и пеење на српски и ромски јазик.


(Anti) world оркестарот The Cyclist Conspiracy е постава на Малите браќа за Мистеријата на последното време. Своевремено зачнат како неформален проект во рамките на, сега веќе непостоечкото Друштво за развој на алхемичарски студии “Васко Попа”, денес e состав од десетина машки и женски музички души. Иако во себе спојува музичко влијание од најразлични делови на светот, оркестарот се труди да избегне површен, модерен електицизам и целата своја креативна енергија ја насочува кон синтеза на претпоставени елементи. Било да се во прашање Византиското царство или тајните номадски пустински патишта; задимена крчма преполна со “манги” и раскалашени жени или степа со небо само за шамани; психоледичен и турски рок; Блиски или Далечен Исток; патувањата на кои циклистите одат, никако не претставуваат потрага за светлост на овој свет. Тие патувања понекогаш укажуваат на симболична потрага за Константинопол, срцето на Византија, а всушност тие се секогаш во потрага за правата светлост на срцето – Агапе.




Lenhart Tapes е доказ дека аудио касетите сеуште не заминале во историјата. Години наназад со пасија создава музика која потекнува од нивно време, но и ја изведува користејки ги токму нив – аудио касетите. Може да се каже дека Lenhart Tapes е проект кој креира музичка помија, користејќи аудио касети и 4 вокмени на кои микса модерни, традиционални, авантгардни и треш состојки и ги рециклира во незастанувачка спирала од лупови и транс. Vladimir Lenhart, како басист и гитарист бил член на бендовите Клопка за пионира, Памба и Петрол, а касетите… тоа е веќе друга приказна, бидејќи само со голема страст и љубов се создава нешто што може да го промени светот и да фрли поинаква светлина на нештата, да создаде нов светоглед.


Другата страна на надежта
режија: Aki Kaurismäki

21.05.2017

Кога зборуваме за помали европски кинематографии, финската секако е една од нив. Истата најчесто се поистоветува со имињата на браќата Мика (постариот) и Аки (помладиот) ...

Depeche Mode во живо во Амстердам
Ziggo Dome | 7 мај 2017

18.05.2017

По четиригодишната пауза од издавањето на последниот студиски албум кој беше оценет како најслаб од страна на критичарите и публиката – Delta Machine (2013,  Columbia ...