Moodymann во Епицентар

MM_E

Kenny Dixon Jr. – познат како Moodymann е најенигматичниот и можеби најуспешниот house продуцент од Детроит! Неговиот уникатен избор на семплови и инструменти ја прави неговата музика различна од традиционалниот house звук. Дел од материјалот кој го продуцира може да се окарактеризира како „slow and moody“, но огромен дел и како “up beat and energetic”. Може слободно да се заклучи дека неговата музика е втемелена во духот на правецот soulfull house. Квалитетите кои ги поседува Moodymann и како продуцент, но и како DJ го сместуваат во категорија за себе! Многумина се обидувале да го следат неговиот стил, но без особен успех!
Мистериозниот Moodymann ја започнува својата кариера уште во раните 90-ти години, а во 1994 ја основа KDJ Records – неговата издавачка куќа за која го издава и првото EP: Moody Trax. Следува The Day We Lost the Soul која и денес претставува house класика, а е посветена на еден од неговите херои Marvin Gaye.
Тој е дел и од 3 Chairs – колаборација меѓу тројца од најдобрите DJ-и од Детроит заедно со Theo Parrish и Rick White.
Една од „контраверзите“ поврзана со Moodymann е тоа што тој низ целата своја кариера одбива да дава интервјуа и изјави и сака единствено неговата музика да зборува за него. А музичките критичари секогаш ја опишуваат како “ground breaking” и “brilliant” или музика од срце!

Moodymann ќе настапи на 18 март во скопскиот клуб Епицентар. Локална поддршка DJ Flooder и Андреј Мицајков.

Другата страна на надежта
режија: Aki Kaurismäki

21.05.2017

Кога зборуваме за помали европски кинематографии, финската секако е една од нив. Истата најчесто се поистоветува со имињата на браќата Мика (постариот) и Аки (помладиот) ...

Depeche Mode во живо во Амстердам
Ziggo Dome | 7 мај 2017

18.05.2017

По четиригодишната пауза од издавањето на последниот студиски албум кој беше оценет како најслаб од страна на критичарите и публиката – Delta Machine (2013,  Columbia ...