The Chick Corea Elektric Band во Скопје

Легендарниот џез состав предводен од култниот џез пијанист The Chick Corea Elektric Band на 2-ри јули ќе гостува во Скопје. Во рамките на оваа ексклузивна светска турнеја и македонската публика за првпат ќе има шанса да го слушне во живо проектот, кој засекогаш ќе остане како дел од музичката револуција во џез музиката.

CCS

The Chick Corea Elektric Band  е еден од неколкуте џез состави кои дефинитивно внесоа револуција во самата уметничка форма во џез музиката. Нивниот истоимен деби албум од 1985, пристигна како гром од ведро небо, спојувајќи неколку правци, џез, рок, латино и фанк.
Овој класичен квинтет состав: Chick Corea – пијано, Dave Weckl – тапани, John Patitucci – бас, Eric Marienthal – саксофон и Frank Gambale – гитара, во текот на осумдесеттите и деведесеттите години издаде неколку албуми, кои што извршија огромно влијание од хип хоп музиката, до сите најдобри џез музичари на денешнината.
Chick Corea, пијанист, композитор и лидер на бендот, член на џез “Hall of Fame” и “NEA Jazz Master”, еден е од уметниците со најголем број на номинации во историјата на Grammy со дури 63 номинации и 22 освоени награди. Kомпонира музика од класичен стил до авангарда, bebop до jazz-rock fusion, детски песни до камерни и симфониски дела, или како што New York Times го дефинира „Chick е светлост на врелата и вечна младост.”

Сите информации за продажбата и цените на влезниците наскоро.

Кога денот немаше име
режија: Теона Стругар Митевска

10.10.2017

Изминативе денови се крена многу врева и прав околу новото остварување на Теона Митевска, „Кога денот немаше име“. Како фино маркетиншко надоврзување на фокусот врз ...

Истребувач 2049 | Blade runner 2049
режија: Denis Villeneuve

07.10.2017

Еден ден по најдолго исчекуваната премиера во мојот живот седнувам пред компјутерот, го пуштам на Јутјуб саундтракот од филмот за да ме понесе атмосферата на ...