Три години на Pata Pata Recordings

За само 3 години постоење, македонската етикета Pata Pata Recordings / Пата Пата стана најпродуктивна платформа за издавање на електронска музика на домашна и интернационална сцена. Од концепт во бренд, основана од Џорџ Тасев/Ted Dettman, Slaave Atanasov/Sal Sonder и Aleksandar AKi Hadji Jankov/HAAJ, колективот позади Пата Пата ја размрдува локалната сцена, поддржувајќи тукашни артисти преку издавање на нивен материјал на светски познати дигитални продавници како Beatport, iTunes, Spotify, но и преку букинг на истите на настани организирани од Пата Пата.

PP1

Авангардноста на овој македонски лабел е почитувана и кај бројни интернационални продуценти, диџеи и различни платформи за електронска музика, со фокус на жанрот техно.

Артисти од над 30 земји имаат издавано свој материјал преку Пата Пата, претставени во над 90 EPs, синглови и ремикси, и над 10 компилации достапни на територија на цел свет.

Музиката издадена преку оваа етикета зборува квалитет, што се познава и по поддршката од светски имиња од техно/хаус сцената кои преку своите радио емисии, сетови и настапи ја поддржале, а зборуваме за имиња како UMEK, Cristian Varela, Josh Graham/Quivver, Paco Osuna, Joseph Capriati, Marco Carola, Richie Hawtin, Spartaque, Paul Oakenfold, Pig&Dan, Judge Jules, Danny Tenaglia, The Advent, Maceo Plex и многу други.

Во својата трета година, агендата никогаш по креативна и амбициозна, со потпишувањето на британското дуо Spektre, како и легендарниот германски артист Lutzenkirchen, заедно со словачкиот артист PHNTM/Criminish, чии изданија претстојат во наредните неколку месеци, Pata Pata Recordings го зацврстува својот кредибилитет помеѓу квалитетните етикети од Балканот и пошироко.

По повод нивното тригодишно постоење и продуцирање, Pata Pata на 18-ти март организираат роденденска журка во клубот „Индустријал“ во Струмица.

 

28.04.2017

Lush / De Luxe Medicine / 5ive Tonbruket / Vinegar Heart Cultural Amnesia / Contains Steely Dan / Your gold teeth II The Books / Be Good To Them Always Phew ...

27.04.2017

Човекот познат како „постариот брат на Никита Михалков“ пред сè поради подобрата позиционираност на помладиот филмаџија (а веројатно и поради Оскарот за Изгорени од сонцето во ...