Sonic Jesus (Италија) и Went (Србија) со концерт во МКЦ

Ви го најавуваме концертот на италијанскиот состав Sonic Jesus со гостите Went од Белград кој ќе се одржи на 31 март (петок) во МКЦ Скопје во Денсинг салата „25 мај“ со почеток во 21 часот.

SJWMKC

Sonic Jesus е проект на мулти-инструменталистот Tiziano Veronese, базиран во Италија и формиран во 2012 година. Меѓународно признати од самиот почеток, благодарение на веднаш-распродаденото деби на Fuzz Club Records (Sonic Jesus EP, 2012) и култниот сплит со Black Angels (Split Single N°5, 2014), тие учествуваа на Reverb Conspiracy двапати, на Cosmosis фестивалот (со Jesus & Mary Chain), Eindhoven Psych Lab и Reverence фестивалот. Во текот на годините Sonic Jesus настапуваа во живо низ цела Европа, делејќи ја бината со имиња како Damo Suzuki, Dead Skeletons, A Place To Bury Strangers and Singapore Sling. Долгоочекуваниот прв двоен албум Neither Virtue, Nor Anger (Fuzz Club Records, 2015), целосно само-снимен и продуциран ги потврди нивните способности за реновирање и надминување на жанровите и формите, сите кондензирани во импресивно ремек-дело. Новиот албум на Grace (Fuzz Club Records, 2017) го реализираа на 10 март годинава и ќе биде претставен на скопскиот концерт.

Went е инди/фолк бенд од Белград, Србија, формиран во 2005. Инспирирани од slowcore, shoegaze и американскиот фолк, Went создаваат автентична и оригинална акустична приказна.

Билети по цена од 200 денари во претпродажба на Билетарница МКЦ и преку МК Тикетс. На врата билетот ќе чини 250 денари.


Гогита и Мака – трезвена грузиска романса на свежа августовска македоксовска вечер
кон документарниот филм „Новиот живот на Гогита“

23.08.2017

Во едно сакартвелско зафрлено место се испреплетуваат приказните за животот после децениски престој во затвор, за важноста на семејството, виртуелните врски и нивното преминување во „вистинскиот” ...

[рецензија] War for the Planet of the Apes
режија: Matt Reeves

12.08.2017

Еден ден Andy Serkis (Gollum, King Kong) ќе биде номиниран за Оскар. Се надевам дека тоа ќе се случи токму за улогата на Цезар во ...