Нискоградба со Rainmaker EP, ново издание на Шарла

Издавачката куќа Шарла денес го реализираше своето деветто издание во вид на деби ЕП на електронскиот музички проект Нискоградба. Се работи за издание составено од 4 композиции во времетраење од 14:40 минути во кои Нискоградба преку исклучително вешто креиран амбиент ве води во нивниот автентичен музички имагинариум.

Niskogradba - Rainmaker EP (cover)

Електорнски запис за можеби три генерации следбеници на овој звук кој историски го сублимира и актуелизира музичкиот став од легендарните Tangerine Dream преку саканите Artificial Intelligence изданија на англискиот издавач Warp Records во 90-те, па се до денешните движења во современата електронска музичка сцена. Уште повеќе од тоа, Нискоградба умешно разигрува поп варијации (како во темата 2) во кои секој момент очекувате да се појави гласот на David Sylvian или пак суперинтелигентниот drumming пасаж во насловната Rainmaker со кој овој проект ги натфрла вообичаените електронски стандарди деконструирајќи разни музички стилови во својот израз. Сè на сè, Rainmaker EP е повеќе од достоен прилог во досието македонска електронска музика со печат на година 2017 и одлична најава за можно албумско издание во скоро време.
Rainmaker EP-то на Нискоградба можете слободно да го преземете од bandcamp профилот на Шарла во период од 30 дена.

27.05.2018

Револуцијата си ги јаде децата. Ништо ново, на ниво на историско сознание, би рекле. Но, кога сте биле дел или сте сведочеле за една таква ...

Идеалистичко патување низ анархистичка Русија

21.05.2018

Кон првиот дел од трилогијата „Брегот на Утопија“ (Патување), Берег утопии. Часть 1. Путешествие, од Том Стопард во режија на Алексеј Бородин, во изведба на Рускиот ...