Здраво млади #7

Фестивалот за нова музика Здраво Млади го најави своето седмо издание кое оваа година ќе се случи на 10 јуни во Младинскиот културен центар во Скопје.

zm7

Главните ѕвезди на овогодинешниот фестивал се англиските повратници Slowdive. Формирани во 1989 година, во мирување од 1995 година, реофоремени во 2014, по речиси 20 години, откако ја отсвиреа својата повратничка турнеја по сите релевантни фестивали низ планетава, се враќаат со нова плоча, насловена едноставно Slowdive, а датумот на издавање е 5 мај, за издавачката куќа Dead Oceans. Еден месец по издавањето на албумот ете ги и Slowdive на кејот Димитар Влахов, помеѓу МАНУ и МТВ, во МКЦ. Скопје е единствениот град во регионот што ова лето ќе ја има честа да ги пречека Slowdive.

Но, ова е само почеток, на Здраво Млади пристигнува и еден од малкутемина вистински чувари на garage/psychodelic/soul звукот, уникатниот King Khan заедно со неговиот осумчлен бенд The Shrines – King Khan And The Shrines. Доколку сте фанови на all girl сензацијата Savages, сигурно сте запознаени дека басистката Ayse Hassan го формираше дуото Kite Base, заедно со Kendra Frost.


Со нов албум насловен „What Kind Of Dystopian Hellhole Is This?“ по отсвирен прв дел од европската промотивна турнеја, на Здраво Млади пристига и манчестерската dark cinematic psychedelia/post-punk сензација The Underground Youth.
Финските чудаци K-X-P својот звук го опишуваат како – оригинален, електронски, Motorhead, Space, транс, спиритуален, рок, медитациски, фри-џез. Додека Pitchfork, Mojo и Clash Magazine тврдат дека звукот содржи силен Krautrock елемент. Ќе ги видиме во живо на Здраво Млади!


Од оваа година Здраво Млади внесува и нова пракса, а тоа е програмата на една од бините да биде селектирана/курирана од страна на селектор на фестивал од регионот и пошироко или некој артист/бенд. За почеток е избран фестивалот во мирување Dis-Patch од Белград, фестивал што своевремено беше големо влијание тимот на Здраво Млади. Реља Бобиќ, идејниот творец на Dis-Patch за публиката на Здраво Млади вели: „На некој начин одбележуваме 15 години од придвижувањето и 5 години од гасењето на фестивалот (кој имаше своја верна публика во Скопје и Македонија), а во програмата ќе бидат вклучени некои од „старите сопатници“ на белградската сцена, нови проекти, како и истакнатиот електронски live-состав од Германија – Kreidler.”

Во 7-часовното музичко патување на Dis-Patch бината ќе настапат и Tapan, Демек, Wo0, 33.10.3402 и Moodswinger како DJ.




Билетите веќе ќе можете да ги набавите преку продажната мрежа на MkTickets и преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, како и на Билетарница МКЦ. Бројот на билети пуштен во продажба е строго ограничен! Цените на билетите се: до 30 април – 400 денари, од 1 мај до 9 јуни – 600 денари и на самиот ден на фестивалот – 800 денари.

13.12.2017

М о ј о т   л и ч е н   С у п е р х и к (с)     Кога нештата се случуваат ...

Европската вожња на скопската линија
Кон фестивалот Cinedays 9-19 ноември

24.11.2017

Од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар се одржа 16-то издание на меѓународниот фестивал на европски филм Cinedays. Овогодинешното мото на фестивалот ...