Денес на полноќ се затвора повикот за учество на четвртото издание на Саемот за современа уметност Паратисима Скопје

Интернационалниот саем на современа уметност Паратисима Скопје по четврти пат ќе се одржи од 15-17 јуни во Младинскиот културен центар во Скопје.

PS

Отворениот повик за учесници истекува денес, 10ти април на полноќ (00.00). Повикот е отворен за сите заинтересирани и не предвидува селекција за учество. Директен линк до апликацијата.

Секој може да аплицира: не постои селекција за учество; сите автори од сите земји можат да учествуваат, независно од форматот кој тие го користат за изразување. Секој автор има апсолутна автономија при изборот, техниката и презентацијата на своето дело.

Учесниците и нивните дела ќе бидат изложени во Младинскиот културен центар, Скопје со помош и координација од кураторот на Паратисима Скопје.

Поканата е отворена за сите академски уметници, автори во подем и работници во полето на креативноста и ги охрабрува сите заинтересирани да експериментираат и да ги трансформираат конвенционалните граници во изразот и уметничкото дело.

„Ако си визуелен уметник, архитект, фотограф, дизајнер, моден дизајнер, режисер, или пак би сакал/а да се претставиш со перформанс, мултимедијален проект или било кој друг уметнички или креативен формат, Паратисима Скопје те поканува да го споделиш своето дело со нова и широка публика“. 

Тричлено жири на Паратисима Скопје и оваа година ќе направи селекција на автори кои ќе бидат наградени со разни можности за професионален развој во Македонија и надвор од границите на државата.  

Kураторот на ликовната поставка на Паратисима Скопје 2017 е Мира Гаќина, a поставката за мода и дизајн ќе ја курира Драган Христов (Лудус).

Во изминатите три години Паратисима Скопје брои над 300 независни учесници со потекло од 32 земји учесници и 30 специјални проекти на кои учествувале ликовни академии, галерии, колективи и организации кои се активни на културно-уметничката сцена. Заклучно со третото издание, наградени се 33 автори со остварено учество на настанот Паратисима Торино во Италија, а во соработка со локални галерии од Македонија (Галерија Флукс, Агенција за сериозни интереси, Концепт 37) доделени се 8 независни авторски изложби.

1959: годината која го промени Џезот

17.06.2017

Вечерва со возбуда изгледав еден прекрасен шеесетминутен документарец насловен „1959: годината која го промени Џезот“, телевизиски проект од 2009 година на режисерот Пол Бернајс кој, ...

13.06.2017

Во најавата за претставата „Експеримент” стои: „Главна инспирација за претставата е книгата The Lucifer Effect на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира ...