Telemama на Engage Kicks & Gigs на Радио Моф

Веб серијалот Engage Kicks and Gigs на Радио МОФ во кој гостуваат млади и алтернативни бендови од Македонија, има за цел да ја поддржи и промовира локалната сцена, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.

 

Телемама е музичкиот проект на уметницата Драгана Заревска. Својата музика ја опишува како облак од: минимал, инди, домашно направена, недефинирана, темна, светла и друго. Иницијалниот план на Телемама бил да свири интимни акустични концерти за своите пријатели во нивните дневни соби, но веќе можеме да ја видиме и на сцена. Нејзиниот деби албум „Мис Слобода“ беше објавен на 13-ти јуни 2015 од страна на Ако никој не свири. Аудио техничар на видеото е mixedsoundZ (Зоран Поповски).

1959: годината која го промени Џезот

17.06.2017

Вечерва со возбуда изгледав еден прекрасен шеесетминутен документарец насловен „1959: годината која го промени Џезот“, телевизиски проект од 2009 година на режисерот Пол Бернајс кој, ...

13.06.2017

Во најавата за претставата „Експеримент” стои: „Главна инспирација за претставата е книгата The Lucifer Effect на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира ...