Далечна Перспектива, компилација на апстрактни звуци

Remote Perspective, An Abstract Sound Compilation е првото компилациско изданиe на амбиентална, електронска и експериментална музика реализирана на ampeff.com.

RP

Курирана од Amplidyne Effect (Мартин Георгиевски), компилацијата содржи музика од апстрактниот спектрум на звукот, со амбиентални артисти од Македонија, како и артисти од Малта, Англија, Аргентина, Германија, Шпанија, Србија, Италија и Португалија. На компилацијата можете да најдете траки од македонските артисти Amplidyne Effect, Димитар Додовски, Тони Димитров, Post Global Trio, Holtergeist, Vedis, Александар Ордев, Defect 13th и B.ATL како и артисти од Аргентина (Kashmir), Германија (DeceptionsDigital), Шпанија (MorlitaM), Португалија (Augen), Велика Британија (Scald Process, Maps and Diagrams, KUMO, Jared Sagar), Италија (Giovanni Alibrandi), Србија (delta m45) и Малта (Robert Farrugia).

На компилацијата се наоѓаат 19 траки во времетраење од 1 час и 55 минути, а истата може да ја преслушате и бесплатно да ја преземете на официјалниот профил на ampeff.

 

1. Amplidyne Effect – Remote Perspective
2. Dimitar Dodovski – Sepia Jam
3. Robert Farrugia – Shimmer
4. Toni Dimitrov / Jared Sagar – 2
5. Post Global Trio – Into Subconsciousness
6. KUMO – Под Mоре
7. Giovanni Alibrandi – Perdizione
8. Vedis – Fatique
9. Aleksandar Ordev – На Балкон Со Енио
10. delta m45 – overcast
11. Scald Process – Misa Del Gallo (Crux Live Version)
12. Maps and Diagrams – Splint
13. Defect 13th – Outer Space
14. Kashmir – Docking Bay 64
15. Augen – Windward
16. B.ATL – Microcosm
17. MorlitaM – Völva Und Meerjungfrau
18. DeceptionsDigital – Whisper
19. Holtergeist – Neptunus

 

Гогита и Мака – трезвена грузиска романса на свежа августовска македоксовска вечер
кон документарниот филм „Новиот живот на Гогита“

23.08.2017

Во едно сакартвелско зафрлено место се испреплетуваат приказните за животот после децениски престој во затвор, за важноста на семејството, виртуелните врски и нивното преминување во „вистинскиот” ...

[рецензија] War for the Planet of the Apes
режија: Matt Reeves

12.08.2017

Еден ден Andy Serkis (Gollum, King Kong) ќе биде номиниран за Оскар. Се надевам дека тоа ќе се случи токму за улогата на Цезар во ...