„Меѓународниот ден на музичките продавници“ за првпат во Македонија

Во сабота на 24-ти април, од 13 до 18 часот МКЦ и АП(о)ТЕКА организираат дневно дружење на платото пред МКЦ, по повод Меѓународниот ден на музичките продавници / International Record Store Day. Овој интернационален ден во светски рамки се одржува од 2007, а кај нас оваа традиција годинава ќе биде организирана за првпат.

RSD

Следејќи го генералниот концепт на прославата и македонскиот Record Store Day одлучи да има свој амбасадор и промотор на овој настан. Оваа чест, во светски рамки секогаш е наменета за музичари кои со своите објави покажале несомнена почит и љубов кон физичките изданија (пред сè винилите) како доминантни носачи на звук и на овој или оној начин несебично го подржувале опстојувањето на малите музички продавници. Водејќи се од овие основни начела, честа да биде македонски амабасадор на овогодинешниот македонски Record Store Day, организаторите му ја доделија на Васко Атанасоски, најмногу поради фактот што токму тој во изминативе петнаесетина години, со изданијата на своите бендови FxPxOx, Bernays Propaganda, ХаХаХа) е еден од ретките македонски музичари кои го одржаа винилот како релевантен носач на звук. И токму на овој ден, International Record Store Day 2017 на својата официјална страница го најави и компилациското 7” издание Support Indie Record Stores… Not Flippers, како ексклузивно издание на кое со една песна е застапен и Васко Атанасоски.

BPFW


Годинава, за првпат во својата десетгодишна историја, на интернационално ниво започнува да се промовира уште една почест, Worldwide Record Store Legend, за страсно колекционерство и долгогодишна поддршка на физичките изданија како носачи на звук (пред сè на винилот) и континуирана поддршка на малите и независни музички продавници. Организаторите сметаа дека честа да биде промовиран во прва македонска Worldwide Record Store Legend, треба да му припадне на Васја Ивановски, долгогодишен пасиониран колекционер на физички изданија, редовен посетител на ретките македонски независни музички продавници, но најмногу поради неговата новинарска работа во 70-те години од минатиот век, кога преку своите написи а потоа и со DJ сетовите успеа да инфицира со музика една армија на млади, кои подоцна стануваа музичари или редовни посетители на, тогаш единствените државни музички продавници. Во најмала рака, преку своите активности, стави минимум едно камче во мозаикот кој и ден денес се составува а кој е основа во препознатливиот урбан македонскиот музички идентитет.


Покрај укажувањето на почит кон споменатите личности, самиот Record Store Day 2017 ќе биде одбележан и со промоција на издание, кое иако не е изготвено како ексклузивно, сепак судбината сакаше токму тоа да биде промовирано на ваков славенички ден. Се работи за винилно издание, кое по неколку параметри е сосема уникатно во целата македонската дискографска историја и на кое се поместени архивски материјали, песни кои никогаш порано не биле објавени на единствен носач на звук. Според многумина, се работи за материјал, кој е Светиот Грал на македонската андерграунд сцена, изданието на Падот на Византија – „Почеток и Крај“ (Ne! Records), на винилен дологосвиречки формат, со бонус CD и 24 страници 12” буклет проследен со референтен историјат на групата, записи од списанија и многу оригинални фотографии.

Уште еден винил кој ќе биде промовиран во сабота е вториот албум на македонскиот гитарист, пејач и кантавтор во „Големото јаболко” – Крсте Роџевски. По извонредниот деби албум од 2015, Batania, ред е да го слушнеме и новиот – Горчливи Бадеми (Bitter Almonds). Две песни од Горчливи бадеми се дел од саундтракот за „Бикини Мун“, новиот филм на Милчо Манчевски, кој пак го дизајнираше омотот за албумот.
PNV_PiK

KR_BA1

На самиот настан ќе бидат најавени уште неколку винилни изданија кои ќе бидат објавени и промовирани во периодот што следува. Целиот настан ќе биде поддржан со DJ сетови на Васко Атанасоски, Александар Гавровски (PMG Collective) и Гоце САФ, како и концерти на француските бендови Pauwels, Partout Partout и германците Jeffk.

Можност за купување на винили и CD-а од АП(о)ТЕКА со специјален попуст за тој ден, од 20 %.


13:00 – 14:45 – DJ Гачо / DJ Васко
14:45 – 14:50 – Тошо Филиповски интро
14:50 – 14:55 – Амбасадор Васко Атанасоски
14:55 – 15:00 – Легенда Васја Ивановски
15:00 – 15:25 – Промоција: Преслушување на Падот на Византија – Почеток и Крај LP
15:25 – 15:50 – Промоција: Преслушување на Кристо Роџевски – Горчливи Бадеми LP
15:50 – 17:00 – DJ Гоце САФ
17:00 – 18:00 – Pauwels / Partout Partout / Jeffk



Кога денот немаше име
режија: Теона Стругар Митевска

10.10.2017

Изминативе денови се крена многу врева и прав околу новото остварување на Теона Митевска, „Кога денот немаше име“. Како фино маркетиншко надоврзување на фокусот врз ...

Истребувач 2049 | Blade runner 2049
режија: Denis Villeneuve

07.10.2017

Еден ден по најдолго исчекуваната премиера во мојот живот седнувам пред компјутерот, го пуштам на Јутјуб саундтракот од филмот за да ме понесе атмосферата на ...