Киборг со самостоен концерт на Таксират #20

6 декември 2018 МКЦ Скопје

[ ]

Во рамките на програмата на јубилејното 20-то издание, фестивалот Таксират го најавува самостојниот концерт на Киборг, култното име на македонската сајбер-панк музичка сцена кое во музичката архива се запишува и како првиот индустријал бенд кај нас. По 20 години пауза, Киборг се вратија на сцена минатата година со одличниот концерт на ПИН музичката конференција, кој воедно беше и еден од најпосетените од 30-те концерти кои се одржаа на ПИН. По ланскиот успех, Киборг сега се повторно во атак со нивниот моќен аудио-визуелен концепт на извонреден сајбер-панк звук, овојпат со самостоен концерт на 6-ти декември во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

Kiborg-MKC

Како бенд Киборг започнува со работа кон крајот на минатиот век – летото ’95 во Скопје. Многу луѓе минуваат низ бендот, но поради раната фаза на трансплантација, се појавија проблеми со инфекции, отфрлање на делови и силни воспаленија. По многу жртви, конечната постава беше дефинирана. Направија неколку свирки, фестивали и се разбира, последнато шоу во ’96 со „Young Gods“, кое им обезбеди место во музичката историја. Во 1996 година издаваат лимитирана касета со 6 песни. По две децении, истите членови повторно се собраат за да продолжат со својот изворен CyberPunk, да проповедаат малку и се забавуваат…

Киборг се Дарко Јаневски на вокали, Перо Стефановски на гитара, Горан Атанасов на тапани и Влад Каевски на клавијатури.
Билетите за концертот на КИБОРГ се веќе пуштени во претпродажба, онлајн и во сите продажни места на МкТикетс, со цена од 200 денари. На денот на концертот, цената ќе биде 300 денари.

 

12.10.2018

„Слугинки“ е една од најизведуваните пиеси во историјата на театарот. Напишана и изведена за првпат во 1947 година во Париз во режија на легендарниот Луј ...

01.10.2018

Јетон Келменди е поет кој првиот чекор во стихот го прави од стаменоста на молкот. Кога ја читаме неговата поезија имаме впечаток дека неговиот стиховен ...