Отворена импровизаторска сесија „Е'н 2 три“ на Бела ноќ

6 октомври 2018 Градски парк 19:00

[ ]

Ад хок групата „Е’н 2 три“ утре во стариот Градски парк во Скопје ќе ја одржи својата отворена импровизаторска сесија со 50 музичари.

123-bn

Во сесијата во живо ќе учествуваат: Тејка Васиљевиќ YÖU, Стефан Терпини Милко, Дино Милосављевиќ Kabadayas, Мите Димовски Темпера, Михаил Парушев Parussion Parushev, Владимир Лукаш Свирачиња, Филип Тасевски The Beginnings, Владо Манчевски Voltaire Mani Al Hakim, Драган Гиновски Темпера, Зоран Тевдовски Gaf Gam Gaf Maf, Ивица Димитријевиќ RibЈоана Ристеска, Марјан Бојаџиев V.I.S. – VOX, Џоле Максимовски Kabadayas, Тони Миќевиќ Земја, можеби?, Соња Димитријоска KLO, Виктор Гајтановски Поган Паган, Благоја Камчевски Leitmotif, Александар Стојанов String Forces, Петар Јанков V.I.S. – VOX, Саша Павловиќ Демек, Доријан Јовановиќ String ForcesАлександар НиковВаско Серафимов, Ѓорѓе Јовановиќ Свирачиња, Жарко Пејковски Autmind, Мартин Георгиевски Amplidyne Effect, Тони Димитров Post Global Trio, Тино Ведекс, Владимир Павловски D’Daltons и уште многу други.

Ад хок уметничката група „Е’н 2 три“ делува кон ослободување на просторот и делото од стегите на матриците – структурни, симболички или лични, а преку размена на енергија, која останува како трајна нематеријална интервенција кај музичарките и музичарите и публиката.

„Е’н 2 три“ се одржува во рамките на годинешното издание на Бела ноќ. Настапот на „Е’н 2 три“ е во 19 часот кај Лавиринтот во стариот Градски парк.

 

23.11.2018

Средновековното превирање на Словенските народи во седмиот и осмиот век веројатно криело многу приказни и легенди каде се преточувала судбината на многу великодостојници. Пребонд, старешината ...

Го окупирав Wall Street во 84-та
интервју со Lydia Lunch

22.11.2018

фотографии: Зден   Здраво Лидија, фантастично е да те имаме во Скопје, некои од нас го чекаа ова со години. Ја обожавам твојата работа и ...