Sven Väth и Richie Hawtin на Green Beach Festival

Фестивалот Green Beach на од 28-ми до 29-ти јули ќе го претстави своето ново, осмо издание кое ќе се случи на плажата на хотелот Парк во Охрид. Првите најавени ѕвезди се Sven Väth и Richie Hawtin.

SW_RH

Позната како најдобрата летна журка во Македонија, Green Beach Festival годинава го отвора своето осмо возбудливо издание на кое во импозантниот список на артисти се запишува и ненадминливиот маг на електронската музика Sven Väth со кој продолжува традицијата на колосални журки на Green Beach Festival.

Неговиот клуб Cocoon во Франкфурт беше прогласен за најдобар клуб во светот според славниот Mix Mag, а неговиот триумфален поход на најексклузивните планетарни дестинации не престанува и бележи две децении од постоењето на овој славен клуб со турнејата кој е дефинитивен синоним за врвен клабинг. Од Франкфурт преку Лондон, Ибица, Сао Паоло и Токио, харизматичниот Sven Vath со своите гостувања привлекува илјадници фанови на електронската музика. Papa Sven, како што најчесто го нарекуваат колегите и фановите, денес е на апсолутниот врв по повеќе од 35 години на сцената. Во октомври минатата година во рамки на гигантскиот Amsterdam Dance Event, тој прослави 20 години на чело на една од најзначајните издавачки куќи на сите времиња – Cocoon, чија истоимена клупска ноќ на Ибица трае веќе рекордни 16 сезони без прекин и без намера наскоро да престане. За неговото немерливо влијание најдобро сведочи фактот дека на неговиот повик редовно се одзиваат најголемите имиња на светската сцена како што се Карл Кокс, Ричи Хотин, Лорен Гарние, Мис Китин, Рикардо Вилалобос, Диксон, Нина Кравиц, Соломун, Марсел Детман, Локо Дајс, Лучиано и бројни други. Sven Väth е едноставно уникатен. Легенда на неговото време со посветеност и страст кои влијаеја на напредокот и еволуцијата на електронската музика. Клубови, издавачки етикети и кариери беа лансирани благодарение токму на неговото влијание. Некои луѓе имаат судбина на се издигнат до врвот и да ги менуваат нештата, а таков е Sven Väth – визионер секогаш подготвен за предизвици, уметник кој инспирира, иноватор и непобедлив артист.

Покрај Sven Väth на Грин Бич Фестивал ќе настапи и техно иконата Richie Hawtin, еден од најголемите електронски уметници на сите времиња. Револуционерниот иноватор и клучна личност на модерната електронска музика се придружува како втор мега-хедлајнер.

Организаторот најавува доаѓање и на други значајни имиња од светската и домашната сцена кои наскоро ќе бидат објавени, како и информациите за стартот на продажбата на влезниците.


05.09.2017

  Do it Again / Holy Ghost Someone great / LCD Soundsystem Transient Program For Drums and Machinery / Soulwax Anymore / Goldfrapp Intermezzo II (Interstellar Funk Remix) ...

26.08.2017

Спојлер: Понесете си марамчиња и врзете го појасот, ве чека бура од смеа и емоции.   Мал плац на периферијата во Неготино е центарот на ...