Lord Finesse за првпат во Скопје

Еден од легендарните хип-хоп артисти и продуценти од Бронкс, Њујорк – Lord Finesse, за прват ќе настапи на овие простори во Денсинг салата „25 мај“ во Младинскиот Културен Центар во Скопје на 7-ми мај. Локална поддршка на Lord Finesse ќе биде домашниот хип хоп артист Страјк.

LF-t

Lord Finesse е еден од архитектите и основоположниците на њујоршката хип хоп сцена. Легендарен MC, дел од култните D.I.T.C. (Diggin’in the crates). Заедно со Big L, Fat Joe, O.C., Show & A.G. и Buckwild, го дефинира њујоршкиот звук во 90-те, има 3 соло изданија како артист, 3 албуми со D.I.T.C. и безброј проекти во соработка со други артисти.

Како продуцент има работено на неколку од најкултните хип хоп изданија: Dr. Dre – 2001, Notorious B.I.G. – Ready to Die, Big L – Lifestylez of da poor and dangerous, O.C. – Jewelz, Terror Squad и многу други.
Меѓу другото, Lord Finesse е и њујоршка диџеј легенда , одличен техничар и селектор, кој активно настапува со свои сетови во клубови и фестивали низ целиот свет. Како дел од Фанки Фреш серијалот, за првпат ке се појави пред македонската хип хоп публика.

Домашна поддршка ќе биде еден од најеминентните ликови во македонскиот хип хоп – Страјк. Емси, диџеј и продуцент, со своите два соло албума „Кутија” и “Земен Рај” и работата со СТР2 и Легијата, Страјк го има изградено својот статус како неизоставен дел од македонската хип хоп сцена.

Влезниците по цена од 200 денари во претпродажба (300 денари на самиот настан) од денес ќе можете да ги набавите на билетарата на Младинскиот Културен Центар во Скопје, како и во продажната мрежа на MkTickets.

 


LF_p

[рецензија] War for the Planet of the Apes
режија: Matt Reeves

12.08.2017

Еден ден Andy Serkis (Gollum, King Kong) ќе биде номиниран за Оскар. Се надевам дека тоа ќе се случи токму за улогата на Цезар во ...

The Love Witch
режија: Anna Biller

21.07.2017

Хоророт често бил начин да му се погледне на табуто во очи. Во ера кога политички некоректните потези се дочекуваат на нож, хорор филмовите стануваат ...