Се отвора „Артикултура“, првата кафе-бар/задруга кај нас

[ ]

Вечерва во Битола е на повидок ново артикултурно катче – задругата „Артикултура“ која во своите определби најавува грижна нега за домашната алтернативна култура. На отворањето на задругата ќе настапат Funk Shui и Фолтин.

Z-A-P

Целта на оваа инцијатива е преку здружување на поединци во форма на задруга, да креира место, простор, социјален центар – кое ќе ја негува алтернативната култура во градот, од музика, свирки, до организирање на најразлични настани и размена на знаења.
Артикултура не е оптоварена со бркање на профит, туку се очекува да бида самоодржлива. Задругата, како хоризонтално поставена организација, ги става целите на заедницата пред целите на нејзините членови. Секој член на задругата има еден глас и еднакво право да учествува во донесувањето на одлуките. Дури и самите вработени со време ќе станат членови на задругата, а со тоа ќе имаат еднакви права со сите останати.
Идејата и концептот на Артикултура е местото да биде заедничко и сите заеднички да допринесат да успее ова ново збиралиште на прогресивната младина, место каде ќе се разменуваат идеи, знаења, мислења, каде ќе се дружи, дискутира, место каде ќе можат да најдат истомисленици и заеднички да се креираат нови иницијативи кои ќе ги делат истите вредности. Со взаемно помагање. Со разбирање. Без авторитети и хиерархија.

Вечерва во 22 часот на отворањето на Артикултура ќе свират Funk Shui и Фолтин. Клубот ќе можете да го најдете на адреса „Браќа Мингови“ бр. 7.

 


19.04.2018

„Кралот на Бетајнова“ режија: Милан Нешковиќ, улоги: Ненад Јездиќ, Војин Ќетковиќ, Никола Ракочевиќ, Милена Живановиќ, Анѓелка Симиќ, Небојша Миловановиќ, Михајло Јанкетиќ, Мина Обрадовиќ   Цанкар ...

09.04.2018

Трите термини на големите холивудски студија за пласирање на своите нови блокбастери се Велигденските празници, летото и Божиќните и Новогодишните празници. Првиот од нив мајсторски ...