Работилница за креативен документарен филм „Докуникулци“

[ ]

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс годинава почнува нова авантура (проект/активност/слој од кромидот) со поддршка на Националната фондација за демократија од Вашингтон, а која ќе се одвива низ повеќе сегменти, вклучувајќи го Патувачкото кино во јули, фестивалот во Скопје во август и дополнителни сесии наесен. Станува збор за работилница за креативен документарен филм наменета за 12 учесници на возраст од 15 до 18 години.

dm1

Како да се пријавиш?
Сними се себеси во вид на видео-порака, со телефон, веб-камера или на кој било друг начин, и преку видеото, кое не треба да трае повеќе од пет минути, одговори на следниве прашања:

1. Освен преку соништата, на кој друг начин бегаш од секојдневието?
2. Кога би можел да бидеш кое било животно или растение, што би избрал/а да бидеш и зошто?
3. Кое е твоето прво сеќавање?
4. Кога би сретнал/а магаре што знае да зборува, што би била првата реченица која би ти ја кажало и зошто?
5. Кој документарен филм ти оставил најголем впечаток и зошто?
6. Која е приказната што сакаш да ја раскажеш и зошто е различна од останатите?
7. Што би издвоил/а за себе како важно, специфично, откачено?

Видеото испрати ни го на dokunikulci@makedox.mk преку wetransfer. Уште подбро, доколку си во можност, прикачи го на VIMEO или YouTube, заштитено со лозинка, а нам испрати ни ги линкот и лозинката.

Повикот е отворен од 11 до 28 јуни 2017 година, a резултатите ќе бидат објавени до 4 јули 2017 година. Работилницата ќе биде распоредена во четири сесии и ќе се случува во следниве термини: Патувачко кино и „Д Фестивал“ (12-25 јули – 5 дена), Филмски фестивал „МакеДокс“ (19-25 август – 6 дена), како и две есенски сесии по договор (5-7 дена).

На работилницата, своите знаења и вештини во документаристиката ќе ги споделат членови на креативниот тим на „МакеДокс“, како и пријатели од други земји – докажани докупрофесионалци.

Учеството е бесплатно. Трошоците за сместување, превоз и храна се покриени, но имај на ум дека сместувањето – особено за време на патувачкото кино – не е во хотел со пет ѕведзички, туку, понекогаш дури и под отворено небо, со милиони ѕвезди, заедно со тимот на „МакеДокс“.

МакеДокс сака млади луѓе кои имаат храброст да се изразат креативно и слободно, кои ќе бидат спремни да се впуштат во една незаборавна авантура. Дванаесетмината величествени ќе бидат поделени во 3-4 помали групи со по еден ментор; на крајот на работилницата, секоја група треба да има готов креативен документарен филм. Доколку си малолетен/на, заедно со пријавите, треба да доставиш и согласност од одговорен возрасен, со која се одобрува твоето учество на работилницата.

За сите дополнителни прашања, кандидатите можат да го контактираат тимот на МакеДокс на dokunikulci@makedox.mk

dm3

The Love Witch
режија: Anna Biller

21.07.2017

Хоророт често бил начин да му се погледне на табуто во очи. Во ера кога политички некоректните потези се дочекуваат на нож, хорор филмовите стануваат ...

20.07.2017

Пред некој ден во Сули ан домашните филмофили имаа можност на големото платно да го гледаат убедливо најдобриот европски филм за минатата 2016 година, „Тони ...