Стартуваше 24-часовното онлајн „Радио Бар“ радио

[ ]

Денеска напладне започна да зрачи Радио Бар онлајн радиото, уште една радио-станица во македонскиот етер, овојпат со мала револуционерна новина – Радио Бар ќе емитува 24/7 „само музика“ програма.

RB_studio

Радио Бар денеска започнува и со промо-турнејата низ Македонија наречена LIVESTREAM, во соработка со Туборг, а истата стартува вечер во Радио Бар со DJ Flooder. Во текот на турнејата Радио Бар ќе гостува по локалите низ Македонија, од каде ќе ја стримува својата програма, презентирајќи ги локалните диџеи. Носителите на турнејата се Wish.ko и Маци Стојановиќ, а ќе се претстават и локалните диџеи со нивните сетови – Mosaik Kollektif, Mihail P, Diskotronik, Bukacha, Berkant Kidasz и други. На турнејата ќе се придружат и Зоки Бејбе, Fecky Farris, DJ Flooder и DJ Vaso.

RB_Flooder

Музичкиот избор на Радио Бар ќе претставува пред сè нова музика, но и постара на која што не и било посветено доволно внимание. Радио Бар специјализирано ќе третира пред сè house и deep house, но и фанк и соул.

Стриминг тука

RB_stream

19.04.2018

„Кралот на Бетајнова“ режија: Милан Нешковиќ, улоги: Ненад Јездиќ, Војин Ќетковиќ, Никола Ракочевиќ, Милена Живановиќ, Анѓелка Симиќ, Небојша Миловановиќ, Михајло Јанкетиќ, Мина Обрадовиќ   Цанкар ...

09.04.2018

Трите термини на големите холивудски студија за пласирање на своите нови блокбастери се Велигденските празници, летото и Божиќните и Новогодишните празници. Првиот од нив мајсторски ...