Chick Corea Elektric Band - концерт за паметење!

[ ]

Одлична, виртуозна свирка, убава музика, многу енергија на сцена, насмеани лица од другата страна на подиумот, врвно озвучување… Ова се првичните реакции за концертот на култните Чик Корија Електрик бенд кој во организација на Спектаклум се одржа во неделата вечерта во Метрополис арената.

CC2фотографии: Зден

 

Скопје беше дел од нивната светска, ексклузивна турнеја во која фантастичниот бенд повторно се обедини за да потсети на некогашните звучни вредности кои се чини полека исчезнуваат. Да се чујат и видат музичари од таков калибар на иста сцена е навистина ретка можност и токму затоа, салата во „Метрополис арена“ беше преполна со страстни љубители на џезот и на музиката воопшто. Чик Корија на клавијатури и пијано, Ерик Мариентал на саксофон, Џон Патитучи на бас, Дејв Викл на тапани и Френк Гембел на гитара, беа петмината легендарни имиња кои ја исполнија сцената со својата магична појава. Бендот кој што своевремено донесе револуција во уметноста, конкретно во сферата на џез-музиката, кој ги разби дотогаш постоечките жанровски дефиниции, кој ја „палеше“ публиката со набилданата свирачка енергија, кој пленеше со автентичноста и во авторскиот израз, кој буквално ги „електрифицира“ слушателите, ги разбива предрасудите за временската димензија. Нивниот истоимен деби-албум во 80-тите години на минатиот век беше авангарда, беше иновативност, за некои беше шок. Денес, музиката на „Чик Корија и Електрик бенд“ е само потврда дека некои работи не застаруваат, иако мирисаат на носталгија.

CC1

Токму таков беше концертот во Скопје. Музичките магови пленеа на сцената, секој засебно, но и сите заедно со взаемна енергија. Секое соло, особено виртуозните пасажи на Патитучи за кој многумина ќе се согласат дека е најголемиот цар на басот, мамеше овации и аплаузи. Свирачките атракции и на Викл, маестралните мелодии изнедрени од саксофонот на Мариентал, гитарата на Гембел која звучеше жестоко и пијанистичките акробации на гуруто Чик Корија, ја воодушевија публиката, која во еден миг и запеа повторувајќи ги неговите мелодиски секвенци…
Беше тоа концерт за паметење. Бескомпромисна, искрена, топла музичка сеанса. Лекција за тоа, како треба да се свири, но и за тоа дека за уметникот не постои старосна граница, туку само уметничка зрелост.

CC3

The Love Witch
режија: Anna Biller

21.07.2017

Хоророт често бил начин да му се погледне на табуто во очи. Во ера кога политички некоректните потези се дочекуваат на нож, хорор филмовите стануваат ...

20.07.2017

Пред некој ден во Сули ан домашните филмофили имаа можност на големото платно да го гледаат убедливо најдобриот европски филм за минатата 2016 година, „Тони ...