Шарлагедон/SharlaGetOn

[ ]

Независната музичка издавачка куќа Шарла вечерва во кафе барот Ла Кања со почеток во 21 часот ќе го промовира своето 12-то албумско издание, Разни Изведувачи – Шарлагедон/SharlaGetOn.

RI-SH1

Се работи за компилација (или популарно кажано label sampler) која содржи 10 композиции од бендови и артисти кои последниве 3 ипол години работат под издавачките закрила на Шарла. Еден вид продукциски отчет со кој Шарла заокружува еден издавачки циклус, а воедно најавува нов со почеток од септември. Имено, на овој компилациски пресек освен неколку добропознати песни од минати изданија, се наоѓаат и бендови и артисти чии следни албуми и ЕП-ја се најавуваат преку нивното учество овде. Таков е случајот со соработката меѓу Телемама и Пиколомини во песната Аника, како и официјалното деби издание на Кло кое треба да се појави оваа есен. Тука се и некои нови соло артисти и side проекти, како и неколку нумери од овогодинешните изданија на Mammoth & Yashem и Нискоградба.

Разни Изведувачи – Шарлагедон/SharlaGetOn може бесплатно да се превземе од bandcamp профилот на Шарла почнувајќи од вечерва во 20 часот.

RI-SH

The Love Witch
режија: Anna Biller

21.07.2017

Хоророт често бил начин да му се погледне на табуто во очи. Во ера кога политички некоректните потези се дочекуваат на нож, хорор филмовите стануваат ...

20.07.2017

Пред некој ден во Сули ан домашните филмофили имаа можност на големото платно да го гледаат убедливо најдобриот европски филм за минатата 2016 година, „Тони ...