Теророт на Партизанска

[ ]

Ова се звуците на синоќешната вечер, понеделник наспроти вторник. Снимката е направена на полноќ, на мојот балкон кој гледа накај Партизанска; поточно, направена е на 11.07.2017 година во 00.19 часот. Не е лепена и монитирана, но е сечена на почетокот и крајот за да не се слуша како го спуштам и подигам вклучениот диктафон на кој истата е снимена. Ова се „обични“ 10 минути на „обична“ вечер. Вака е секоја вечер.

Нова сум во ова маало. Сочувствувам со староседелките и староседелците. Ова е неиздржливо. Ова надминува и кршење на јавниот ред и мир и е исклучително опасно по живот заради брзините со кои се вози. Стојам на тротоар, чекам зелено и преминувам улица со страв. Опасноста е уште поголема за лица со намалена мобилност или со сензорна попреченост. Никој не е помалку човек од тие што помешале тркачка патека и главна улица во главен град на која има и пешачки премини. Ничиј живот и мир не се помалку вредни од нивната желба за големи брзини.

Имаме минско поле како што е Партизанска на сред град а никој ништо не прави. Зошто безбедносните камери и органите на прогон се послаби од моќниците со голема кубикажа со синдром на семоќност која мислат дека им дава право за земање на живот? Зошто нечија забава и желба за адреналин е поважна од сите наши живот и здравје, а и од мирот на сите што живеат покрај главните улици? И каде се државните институции и каде се локалните власти? Полицијата и желките не се за студенти што учат во читална после 11 часот, туку за овие што сите нè загрозуваат.
05.09.2017

  Do it Again / Holy Ghost Someone great / LCD Soundsystem Transient Program For Drums and Machinery / Soulwax Anymore / Goldfrapp Intermezzo II (Interstellar Funk Remix) ...

26.08.2017

Спојлер: Понесете си марамчиња и врзете го појасот, ве чека бура од смеа и емоции.   Мал плац на периферијата во Неготино е центарот на ...