SEA + AIR (Германија), SaMMan (Словенија), Атанасоски / Ангелов (Македонија) во живо во Бла Бла клуб

[ ]

На 15-ти јули (сабота) во Јавниот алтернативен простор Бла Бла клуб со заеднички концерт ќе настапат германските ghost pop-ери SEA + AIR, словенечкиот соло артист SaMMan, како и најновата домашна колаборација Атанасоски / Ангелов.

sea + air

600 концерти, 26 земји, 3 години непрекинати турнеи. Грчко-германското дуо Eleni Zafiriadou и Daniel Benjamin, попознати како SEA + AIR, на оваа последна европска турнеја ги промовираат своите добропознати медитерански ритми, симфониски мелодии, извонредни андрогени гласови и егзотични инструменти – чембало и бузуки. Нивниот уникатен “ghost pop” звук, а особено последниот албум Evropi (Glitterhouse, 2015) кој освои неколку меѓународни награди, ги однесе на врвот на неколку Топ 50 листи, настапувајќи во главните ТВ-емисии во Италија, Франција, Германија, па дури и Канада. Поддржани од успехот на нивните први два албума, тие одлучија годинава да се преселат во Грција како би биле поблиску до земјите од југоисточна Европа во кои исклучиво ќе патуваат оваа година.

SaMMan е соло музички концепт на Матјаж Манчек, познатиот словенечки радио активист, диџеј, продуцент и промотер. Неговиот проект SaMMan беше активен од 2004 до 2009, а со оваа турнеја го најавува својот голем камбек.

На саботниот концерт својот најнов проект ќе го претстават и Васко Атанасоски (Bernays Propaganda, Xaxaxa) и Љубомир Ангелов (Lepi XhoniThe John).

Концертот е закажан за 22 часот, влезниците ќе чинат 200 денари.

 



The Love Witch
режија: Anna Biller

21.07.2017

Хоророт често бил начин да му се погледне на табуто во очи. Во ера кога политички некоректните потези се дочекуваат на нож, хорор филмовите стануваат ...

20.07.2017

Пред некој ден во Сули ан домашните филмофили имаа можност на големото платно да го гледаат убедливо најдобриот европски филм за минатата 2016 година, „Тони ...