Аналогна авантура на „МакеДокс“ - Работилница за камера опскура

[ ]

На еден месец пред почетокот на осмото издание на фестивалот на креативен документарен филм, МакеДокс ве повикува да се пријавите на работилницата на која ќе се играте со самите почетоци на визуелниот запис. Накусо ќе се запознаете со основните теориски поставки на камера опскура, сами ќе изработувате фотоапарати и ќе правите фотографии со нив. Дел од нив дури и ќе бидат изложени. Ќе ја истражувате визуелната нарација, ослободена од технолошкиот товар.

Makedox Kamera Opskura 2017

Работилницата ќе ја води Сашо Н. Алушевски со дел од секцијата за фото и видео на МакеДокс. Ќе се случува преку ден во текот на три фестивалски дена, во траење од најмалку три часа дневно. Бројката на учесници е ограничена на 16, возраста на учесниците не е. Како предност ќе се смета секое фотографско искуство, особено со аналогна фотографија.

Напишете кусо мотивациско писмо – кажете им на МакеДокс нешто за себе и зошто би сакале да учествувате на работилницата – и испратете им го на photo.makedox@gmail.com најдоцна до 20 јули 2017 година.

Осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс ќе се одржи од 19 до 25 август 2017 година во Скопје.

 

The Love Witch
режија: Anna Biller

21.07.2017

Хоророт често бил начин да му се погледне на табуто во очи. Во ера кога политички некоректните потези се дочекуваат на нож, хорор филмовите стануваат ...

20.07.2017

Пред некој ден во Сули ан домашните филмофили имаа можност на големото платно да го гледаат убедливо најдобриот европски филм за минатата 2016 година, „Тони ...