Pete Rock & CL Smooth доаѓаат во Скопје на 13-ти септември

[ ]

Промо агенцијата Sure Shotz и Младинскиот Културен Центар, во соработка со Таксират го најавија првото изненадување на 19-тото издание на фестивалот со промо-концерт на две големи имиња на американскиот хип хоп – Pete Rock & CL Smooth на 13-ти септември во Скопје.

PR_CLS

Pete Rock & CL Smooth се њујоршко хип хоп дуо кое дебитира на сцената во 1991 со албумот All Souled Out, претходник на Mecca and the Soul Brother. Pete Rock ја започнал својата музичка кариера како диџеј кој бил вљубен во џез и соул семплови, додека CL Smooth е класичен њујоршки рапер, со многу филозофија во своите текстови и 0% на вулгарности во истите. Дуото е најпрепознатливо по нивниот мега хит They Reminisce Over You. Во 1994 го издаваат албумот The Main Ingredient а во меѓувреме нивните имиња се јавуваат како гости на проекти на артисти како Public Enemy, EPMD, Heavy-D и Johnny Gill. Двајцата се особено горди на нивниот удел (како продуценти и MC’s) во синглот Down with the King на Run-D.M.C. Двоецот работи со прекини во периодот од 1995 до 2009, а сè уште се активни по нивниот официјален кам-бек во 2010 година. Во едно интервју, Pete Rock ќе каже дека инспирацијата за враќањето на сцената ја добиле од смртта на Guru од Gang Starr, не сакајќи да им се случи истото сценарио по кое членовите на групата ќе ја прекинат соработката без да разговараат еден со друг.

Pete Rock важи за еден од најголемите хип хоп продуценти на сите времиња. Според многумина, тој е дел од „големата тројка“, заедно со J Dilla и Dj Premier, како највлијателни продуценти во историјата на хип хоп музиката. Неговите битови ги слушаме на песните на Brand Nubian, Heavy D, EPMD, Public Enemy, Doug E. Fresh, Redman, House of Pain, Dj Jazzy Jeff & The Fresh Prince, Naughty By Nature, Nas, Slick Rick, Lords of the Underground, AZ, Das-EFX, Onyx, Rakim, Common, M.O.P, Raekwon, Inspectah Deck, Big L, Busta Rhymes, KRS-One и многу други.

Локалната поддршка на овој концерт пристигнува со настапот во живо на Да Џака Накот, додека за загревање е задолжен DJ Shorty P.

Билетите за концертот ќе се продаваат преку продажната мрежа на MKTickets, во претпродажба 350 денари, на врата 500 денари.


13.07.2018

Рускиот академско-младински театар од Москва, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Андреј Сипин, Рамилја Искандер, Александар Доронин   Третиот дел од оваа епохална сага на Том ...

11.07.2018

Оној кој го читал Господинов, го сака Господинов. Оној кој ја читал неговата „Физика на тагата”, е вљубен во романот. Оној кој ја гледал „Физика ...