АКТО акција: Повик за учество на АКТО Работилница на Грамофони

[ ]

Ако имаш 16-21 година, живееш во или околу Битола, имаш 5 омилени светски музички автори, 4 омилени светски DJ-и, 3 омилени македонски DJ-и, најмалку 2 обиди да си го презентираш својот музички талент пред публика, склопи 1 микс со времетраење 20-30 минути со најмалку 4 различни траки/песни/композиции и испрати го на akto.muzika@gmail.com, заедно со кратко био за себе. Повикот трае до 23 август до 23.59 часот, а тричлена комисија ќе ги преслуша и прегледа пристигнатите апликации и во рок од 7 дена ќе избере 2 момци и 2 девојки кои ќе бидат дел од Работилница за „вртење“ плочи на грамофони, во склоп на овогодинешниот АКТО Фестивал за современа уметност на 1 септември во Битола.

PUA2017

Работилницата ќе ја води Нино Делиниколов (DJ Flooder), a учесниците ќе имаат и официјално претставување на стекнатите вештини од работилницата во склоп на музичката програма Акто Музика

Техниката на комбинирање на музички ритми, мелодии, стилови и правци токму на плочи бил и сè уште е предизвик со децении наназад. Последниве 15-ина години дигиталните носачи на звук и пристапноста на музиката во било кое време на наједноставни и секому достапни уреди, апликации и програми, придонесе сè помалку музички вљубеници да го презентираат својот музички избор токму преку 2 или повеќе грамофони, до граници на раритет. Од друга страна, винилот како носач на звук, последниве години се враќа на голема врата, во сите музички стилови и правци. Процесот на продукција и технологијата наметнуваат брз чекор кон враќање на еден од првите начини на издавање, промоција и слушање на музика. Токму поради тоа, Акто Фестивал годинава презема акција за приближување на грамофонот, плочите и миксањето музика на винил, на помладите вљубеници во современите електронски музички форми.

05.09.2017

  Do it Again / Holy Ghost Someone great / LCD Soundsystem Transient Program For Drums and Machinery / Soulwax Anymore / Goldfrapp Intermezzo II (Interstellar Funk Remix) ...

26.08.2017

Спојлер: Понесете си марамчиња и врзете го појасот, ве чека бура од смеа и емоции.   Мал плац на периферијата во Неготино е центарот на ...