Blla Blla Blla... со ново издание и промотивен концерт

2 ноември 2017 МКЦ

[ ]

Скопскиот состав Blla Blla Blla… за инди-етикетата Балкан Велики го реализираше EP изданието Më puth / Ke kujdes и воедно го најави големиот промотивен концерт на нивното последно албумско остварување Brum për medioferr кое ќе се случи на 2 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје.

BBB2

Më puth / Ke kujdes EP-то содржи две ремикс песни и е снимено во студиото на  Blla Blla Blla во Ѓорче Петров во 2016 од Дејан Еврушоски. Продуцент на изданието е Васко Атанасоски, додека за миксот и мастерингот беше задолжено Студио 1060, со Дени Крстев и Васко Атанасоски. Оригиналната верзија на Më puth може да се најде на албумот Brum për Medioferr (2017, Password Production).

Воедно, Blla Blla Blla… го најави и промотивниот концерт за албумот Brum për Medioferr, кој минатиот месец беше реализиран како винилно издание, со неколку слушачки промоции. Концертот е најавен за 2 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје.

13.07.2018

Рускиот академско-младински театар од Москва, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Андреј Сипин, Рамилја Искандер, Александар Доронин   Третиот дел од оваа епохална сага на Том ...

11.07.2018

Оној кој го читал Господинов, го сака Господинов. Оној кој ја читал неговата „Физика на тагата”, е вљубен во романот. Оној кој ја гледал „Физика ...