Италијанското psychedelic-acid-techno дуо Boston 168 во Епицентар

7 декември 2017 Епицентар 23:59

[ ]

Клубот Епицентар го најавува гостувањето на италијанското psychedelic-acid-techno дуо Boston 168 кое ќе настапи во живо на 7-ми декември.

B168
Модерното, аналогно дуо составено од Sergio Pace и Vincenzo Ferramosca, двајца долгогодишни пријатели кои по кратките самостојните кариери одлучуваат дека музички најмногу им одговара заедничката работа – го формираат Boston 168. Нивнoтo вешто изработенo Acid Techno е дело на традиционалните акустични машини кои ја напишаа историјата на техно музиката – Roland Tr909, tr707, Moog Mother 32. Двајцата доаѓаат од Торино, и врз нивната музика огромно влијание има бившиот град на автомобилската индустрија. Старите, мрачни и ладни фабрики придонесуваат нивното иновативно експериментирање да звучи многу моќно, а сувиот и сиров фабрички тон го заменуваат со тврдо техно, редефинирајќи го електронскиот звук. Првото EP – The Drill [2015] го издаваат за заедничиот лејбл Old and Young кој издава само плочи направени на аналогни машини. Од тогаш па наваму нивните ЕPa се издадени од Enemy RecordsInvolve Recordsи ODD / EVEN, a траките Terror Acid и Acid Morning редовно ги тресат ѕидовите на Berghain.

Локална поддршка на настапот на Boston 168 ќе бидат Ана Мало и Балоски.
Ана Мало и Балоски и нивното мрачно техно, темелно разиграно со мелодиски структури не носи до една, до сега на оваа сцена, непозната појава. Истовремено и тврди и тешки и полни со енергија, со цел дијапазон на емоции во мелодијата и басовната линија овие двајца млади диџеи прецизно го разместуваат скроениот ритам на омилените продуценти. Инспирацијата ја влечат од дивергентните музички правци на undergroundот, се фокусираат на музичкиот дизајн, еволуирајќи во звукот кој истовремено го трасира патот на младата генерација. Иако двајцата се успешни во своите индивидуални кариери, спојувањето раскажува една нова возбудлива техно приказна.

Влез: 300 денари, по 01:00 400 денари.

 

Ана Мало & Балоски во Епицентар

Европската вожња на скопската линија
Кон фестивалот Cinedays 9-19 ноември

24.11.2017

Од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар се одржа 16-то издание на меѓународниот фестивал на европски филм Cinedays. Овогодинешното мото на фестивалот ...

21.11.2017

На затворањето на „Синедејс“ во неделата се случи македонската премиера на „Исцелител“, дебитантското остварување на режисерот Ѓорче Ставревски, кој по долгогодишна работа на ова негово ...