Land промоција на албумот 'If...', Sweet Rapscallions и Демек во МКЦ

7 септември 2017 МКЦ Скопје

[ ]

Во Младинскиот културен центар во Скопје на 7-ми септември ќе се одржи концертна промоција на албумот “If…” на битолското дуо Land. Гости на концертот на Land ќе бидат Sweet Rapscallions и Демек.

LAND@MKC

Land /некогаш познати како Green Grass Dreams/ е поп проект на Доне Скендеров и Петар Пепи Георгиевски со еклектичен битолски поп маниризам зачнат во „годината на осамостојувањето“ Во февруари 1991, со ритам машина и гитара на касетофон во локалното студио на Миодраг Нечак – Микс ги снимаат своите први 4 песни, по кои следат готово хистерични јавни хвалоспеви и настапи во државата, како и на проминентните Трот фест и Кумановскиот летен фестивал. 1998 го менуваат името во Land и во истотот студио го снимаат своето деби издание кое никогаш не било официјално издадено, сè до 2-ри септември годинава кога ќе доживее свое премиерно обелоденување. Егземпларот на битолската поп музиката од 90-те се враќа само за оваа прилика на 7-ми септември во МКЦ да го претстави својот деби албум “If…”.

Sweet Rapscallions e музички бенд и фиктивна колективна приказна во која главните ликови се нарекуваат Епиеми. Негуваат уникатен музички стил инспириран од авангардните движења во популарната музика од доцните 70-ти и раните 80-ти години на минатиот век со тенденции кои се преплетуваат меѓу фолклорот и (ретро)футуризмот. Се работи за состав со автентично мрачен романтичарски израз сместен во вешто исткаен амбиент од битови, теми и семплови во кои пулсира атмосферата на дваесеттиот век од неснимените соништа на Кафка преку ноар филмовите, па сè до industrial и avant-pop естетиката. Sweet Rapscallions имаат две официјални изданија за независната етикета Шарла од Скопје – EP, “EP I AM” – Април 2014 и LP, “Stereo Memory – Live at Kanal 103″ – Февруари 2017, снимен на музичката емисија „Ако никој не свири“. Приказната на Епиемите продолжува да се развива како и самиот бенд.
На 7-ми септември ќе настапат засилени со бас гитарист во постава: Дејан Петровиќ – вокал/синтисајзер, Дамјан Грујо – тапани и Мирче Пејковски – бас.

Експерименталното дуо Демек ќе настапи во изненадувачка постава претставувајќи ја нивната нова аудио-пиеса „Натемаго“.

Билет по цена од 150 денари во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ.

Have you tried love for change?

04.06.2018

Тумороид… Што претставува тумороидот? Некаква надеж? Проекција на нечие тело во иднината или тоа е едноставно слеп патник што присуствува на скопска свадба? (забрането ми ...

Политиката како дијалог на глуви или лоши судбински проценки
кон „Брегот на Утопија“ Бродолом

04.06.2018

Кон вториот дел од трилогијата на Том Стопард „Брегот на Утопија“ (Бродолом); режија: Алексеј Бородин, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Нели Уварова, Алексеј Мјасников, Евгениј ...