4 EP изданија на македонски артисти на AMPEFF

[ ]

Самоиздавачката куќа AMPEFF, специјализирана за издавање музика во експерименталниот и амбиентален спектар на звуци во периодот помеѓу август и ноември годинава реализираше повеќе изданија на македонски амбиентално-експериментални проекти – “Sound_00 & Lefterna”, “Meissa Ionis”, “Amplidyne Effect & Toni Dimitrov”, како и најновотo издание на “Niskogradba”.

 

sound_00_lefterna-collab-18-4Sound_00 + lefterna – collab 18 
После серии од колаборативни публикации на бројни експериментални издавачки куќи, дуото од Тони Димитров (Sound_00) и Бобан Ристевски (Lefterna) го наоѓаат своето 18-то концептуално колаборативно издание на AMPEFF Records. “Collab 18” е длабоко амбиентално размислување и истражување во експерименталната сфера, погодено за длабоки медитативни сесии.

 

Contemplate-Transport4Meissa Ionis – Contemplate Transport Logistics 
Следно од серијата на изданија под страничниот проект на Amplidyne Effect е четвртото изданието на Meissa Ionis со наслов “Contemplate Transport Logistics”. Звукот на Meissa Ionis е длабоко експериментирање под влијанија на “hard style” звукот. Снимен на различни импровизациски сесии во предиодот од 2014 до 2017 година, “Contemplate Transport Logistics” не е ни поразличен од останатите изданија, а како целина е еден експеримент со влијанија од hard-techno, tribal, avant-garde и post-rock звуци.

 

AmplidyneToni4Amplidyne Effect & Toni Dimitrov – ToBeContinued… Live 2017
Првиот официјален колаборативен материјал во живо помеѓу Amplidyne Effect (Мартин Георгиевски) и Тони Димитров e издаден како двојно издание за Post Global Recordings и AMPEFF. Снимен е за реномираниот интернационален фестивал “ToBeContinued… 2017”, кој беше одржан на денот за борбата против туберкулоза на 24-ти март годинава. Преку интернет стриминг, учествуваа бројни музичари и бендови од целиот свет, како “Jerusalem in My Heart”, “Alexander Balanescu”, “Simon Coates”, “Cluster Ensemble”, “EEL SLAP!” и други. После неколку соло настапи на претходните години за “TBC”, ова е првпат Тони и Мартин да настапуваат заеднички во живо за овој настан. Звукот на изданието е зачинет со lo-fi естетика, како и амбиентални пејсажи и теренски снимки.

 

Niskogradba-Perpetual-Goodbye4Niskogradba – Perpetual Goodbye
По двете изданија годинава – “Rainmaker EP” за Шарла и “Memories” за AMPEFF, Нискоградба се враќа со неговото трето изданије за 2017-та, повторно за AMPEFF Recordings. “Perpetual Goodbye” е вистински “Café Del Mar” звук за духови. Реконтекстуализирани и манипулирани звуци на џез и поп хитовите од претходната ера, Нискоградба ја истражува топографијата на местото кадешто слушателот станува едно со музиката, паѓајки спирално во вртлог на репетиција и секогаш барајќи ја бесконечната јамка.

 

 

Три билборди надвор од Ебинг, Мисури
режија: Martin McDonagh

20.01.2018

Тргнувајќи од славниот цитат на Маршал МекЛуан, „Медиумот е порака“, сценаристот и режисер Мартин МекДона во своето ново остварување „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“, ...

Холивудска приказна: Star wars, прости!

09.01.2018

Четириесет години по премиерата на првиот филм, односно, четвртата епизода од сагата „Војна на ѕвездите“ на Џорџ Лукас, и нешто помалку години од почетокот на ...