Концерт на Димитар Додовски во Планетариум

8 јуни 2018 Планетариум МКЦ 21:00

[ ]

Во рамки на серијалот концерти на современа и експериментална музика, овој петок во уникатната атмсофера на скопскиот Планетариум ќе настапи Димитар Додовски.

Dimitar Dodovski - photo
Димитар Додовски живее и создава во Битола. Активен на македонската музичка сцена од раните 2000-ти со своја продукција, настапи во живо, како и со диџеј сетови. Неговиот звук вклучува спектар од даб текстури, медитативни и амбиентални звучни пејзажи, new age експерименти, па се до апстрактни мелодиски делници кои пленат со својата хипнотичност. Покрај неговите соло продукции тој објавува музика и како Moss Garden (со Lee Norris, UK), Post Global Trio (со Мартин Георгиевски и Тони Димитров) за издавачки куќи како Databloem, Carpe Sonum Records, Unknown Tone Records, Shimmering Moods Records, Womblabel. Во последните неколку години интензивно работи и под псевдонимот Нискоградба.
За придружната планетариумска проекција ќе биде задолжен Даниел Анастасов.

 

12.10.2018

„Слугинки“ е една од најизведуваните пиеси во историјата на театарот. Напишана и изведена за првпат во 1947 година во Париз во режија на легендарниот Луј ...

01.10.2018

Јетон Келменди е поет кој првиот чекор во стихот го прави од стаменоста на молкот. Кога ја читаме неговата поезија имаме впечаток дека неговиот стиховен ...