Вечерва промоција на „Македонска рок енциклопедија (1963-2018), прв том”

8 мај 2018 Плато пред МКЦ 20:00

[ ]

На платото пред МКЦ, вечерва во 20 часот ќе биде промовиран првиот том на Македонската рок енциклопедија.

 

mre

 

По шестгодишно истражување на македонско музичко наследство на периодот од 1963 до 2018 година, во првиот том на „Македонската рок енциклопедија“, приредувачот Тошо Филиповски на 500 страници вклучува 333 македонски музички состави и околу 2500 музичари во жанровски распон од рок, џез, блуз, електронска музика, хип хоп, светска музика, поп-рок, панк, хеви метал, реге и ска.
Енциклопедијата е во A4 формат во тврд повез и вклучува околу 400 црно-бели фотографии. Издавач е Corpus Delicti Records. Тиражот на Енциклопедијата е 1000 примероци. Првите 500 примероци се во ограничен број со бонус CD на компилација History of Macedonian Punk/HC Vol.1 1979-2001. Цената на Енциклопедијата на самата промоција ќе биде 2300 денари.

 

 

 

Have you tried love for change?

04.06.2018

Тумороид… Што претставува тумороидот? Некаква надеж? Проекција на нечие тело во иднината или тоа е едноставно слеп патник што присуствува на скопска свадба? (забрането ми ...

Политиката како дијалог на глуви или лоши судбински проценки
кон „Брегот на Утопија“ Бродолом

04.06.2018

Кон вториот дел од трилогијата на Том Стопард „Брегот на Утопија“ (Бродолом); режија: Алексеј Бородин, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Нели Уварова, Алексеј Мјасников, Евгениј ...